27 Април, 2024
0.0291

СЕЗОНЦИ НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО: Имаат ли време за плажа и шетање?

Објавено во: Македонија 19 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Македонците кои одат на сезонска работа на море во регионот, можат да си дозволат и да поминат време на плажа по завршување на работните обврски и да прошетаат.

Ова го тврдат од  агенциите кои посредуваат за работа во странство, но и самите сезонци. Посебно помладите ја користат приликата да искористат максимум, односно да прошетаат додека се на работа во странство.

„Зависи од работните часови, од местото каде одат, од многу причини. Сè зависи и од местото. Ако работникот работи по 8, 9, 10 часа на ден, слободниот ден го користи за одмор, но има луѓе што сакаат да прошетаат, бараат да одат во поголеми градови на работа како Сплит, Пула, Задар, Дубровник. Тоа се најчесто младите“, вели посредник за работа во Хрватска.

Но, додаваат дека оние кои работат во угостителството и туризмот за разлика од градежниците, имаат поголеми шанси да шетаат и да одмораат на плажа поради типот на работата.

„Многу важна работа е дека секогаш кога се бира стабилен работодавец, законски следува еден слободен ден во неделата. Во Ровињ кандидатите се на 3 чекори од плажа и во Макарска и други места. Законски не е дозволено 7 дена работа во Хрватска. Собарките се прва смена, почнуваат рано и завршуваат до 14 или 15 часот и секој ден можат да одат на плажа. Секој ден можат да си дозволат одмор. На другите позиции, луѓето си работат 6 дена неделно, прекувремено им е платено, имаат време за себе секој ден. За да имаат слободен ден, кандидатите треба да бираат каде се вработуваат. Има лоши искуства со луѓе кои лани отишле самостојно, на непроверено. Треба да истражат каде одат. И самите да најдат работа, треба да истражат каде ќе се вработат. Денес е многу лесно, има искуства од луѓе кои веќе работеле таму, така што сè може да се провери и да се дознае“, вели Милан Џинлев од агенцијата Приорити солуции за вработување од Скопје.

Дел од посредниците велат дека има сезонци кои работат четири часа претпладне и четири попладне, така што останува време ако сакаат да одат на плажа. Илјадници Македонци работат во земјите од регионот во текот на летото.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори