11 Декември, 2025
0.0384

Шахпаска: Министерството ќе дава пари за продолжување на породилното отсуство до 12 месеци

Објавено во: Економија 29 Април, 2021 12:49

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, за најавените измени со кои породилното отсуство за мајките ќе може да достигне и до 12 месеци, на денешната прес-конференција по свечената седница на Економско-социјалниот совет, рече дека министерството ја прави анализата за дополнителните средства кои ќе му бидат потребни на Фондот за здравствено осигурување. Министерката наедно рече дека контурите на законот ќе бидат познати во јуни, кога ќе започне и општата дебата.

Работиме на новиот системски закон за работни односи, на поглавјето за породолното отсуство. Оредвиден е периодот на мајчинство и период на родителство, а на таткото ќе му следуваат и 10 дена отсуство. Финансиските импликации произлегуваат од средствата кои што се предвидени во буџетот. Министерството за труд и социјална политика овие средства ги трансферира до Фондот за здравствено осигурување. Значи тоа се средства од централниот буџет. Оптимистички, го очекуваме законот да излезе начелно во јуни, по што ќе следува дебатата, одговори Шахпаска на новинарското барање да даде повеќе детали за овие најави.

Ангел Димитров, претседателот на Организацијата на работодавачи, рече дека овој предлог е прифатлив, но и дека мајките треба да внимаваат да не го загубат чекорот со кариерата.

- Ова усогласување на породолното отуство и родителското отсуство е во согласност со европската регулатива, а бидејќи товарот е на ФЗОМ може да речеме дека баш ни е гајле бидејќи друг плаќа, но во земјата има нарушен пазар на труд, нема работници, а треба да се мисли и на кариерата на тие мајки. Големото отсуство ќе биде пречка за развој на кариерата. За нормално усогласување, секако ние нема да правиме проблеми, рече Димитров.

Сојузот на синдикат на Македонија вели дека оваа мерка во најава се усогласува со нивната иницијатива за отсуство на мајката од 12 месеци.

- Сојузот на синдикати тргнува од европската легислатива и директиви и во таа насока ние даваме посебен акцент на семејството и во таа насока предложивме недела да биде неработен ден. Иницијативата што ја дадовме за отуство од 12 месеци е во таа насока. А на тој начин ќе влијаеме и на зголемување на наталитетот на населението, смета Златко Цветковски од Сојузот на синдикати на Македонија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари

САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава

САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист

Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист

Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?

Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?