ШАНСА ЗА ЦЕНТАР: Поранешна „Треска“ ја зафати пожар, ако изгоре ќе биде идеална ситуација за урбаната мафија
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2021
На социјалната мрежа Твитер, движењето Шанса за Центар објави фотографија од поранешната фабрика Треска во центарот на Градот зафатена од голем пожар. На својот профил на Твитер, од движењето истовремено порачаа:
-Старите хали на бившата фабрика Треска во Центар попладнево ги зафати пожар. На просторот на Треска има скоро 200 здрави стебла, дрвја кои даваат основа местото да се преуреди во парк. Ако изгори ќе биде идеална ситуација за урбаната мафија да ја убие идејата за нов парк.
Старите хали на бившата фабрика #Треска во Центар попладнево ги зафати пожар. На просторот на #Треска има скоро 200 здрави стебла, дрвја кои даваат основа местото да се преуреди во парк. Ако изгори ќе биде идеална ситуација за урбаната мафија да ја убие идејата за нов парк. pic.twitter.com/beIiGmRluh
— Шанса за Центар (@ShansaZaCentar) September 25, 2021