26 Ноември, 2024
0.0654

Проектот „Ракомет за секое дете“ со поддршка од Шпаркасе Банка:

Шанса за деца од ранливи категории да го откријат ракометот

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка, преку својата платформа SparkasseLife, во соработка со својот партнер, проектот „Ракомет За Секое Дете“, преку школата за ракомет „Топка“, во претстојниот период, преку проектот „Поддршка за Секое Дете“ ќе овозможи на 20 деца од социјално ранливи категории бесплатно да го практикуваат ракометот и да ги посетуваат тренинзите на школата за ракомет во Скопје и Велес.

Проектот „Поддршка за секое дете“ и Шпаркасе Банка ја најавуваат соработката водени од нивната заедничка мисија: обезбедување услови за развој на ракометот и спортот кај најмладата популација, овозможување младите да го практикуваат спортот како важна алка од понатамошниот развој и создадавање нова генерација на здрави, активни и мотивирани млади луѓе. Проектот е од големо значење бидејќи дава поддршка на младите, коишто немаат пристап до вакви можности.

-„Ракомет За Секое Дете“ е проект кој покрај големата посветеност и ангажманот во спортските сали, во работата со деца од 6 до 12 годишна возраст, бара и професионален пристап во организација на целиот проект, почувајќи со школите за ракомет каде што имаме повеќе од 250 дечиња учесници во два града, Скопје и Велес. Ќе ги споменам и „Јуниор куп“ – турнирите во мини ракомет и ракометниот камп „40х20“ кои се наши значајни настани. Токму затоа, сме исклучително благодарни на поддршката од страна на Шпаркасе Банка, како банка која има изградено свест за поддршка на ваков тип на проекти од општо добро. Особено сме благодарни за учеството во проектот кој е од исклучителна важност, каде што 20 деца кои потекнуваат од семејства кои се во социјален ризик, ќе имаат можност да се запознаат со ракометот и да го откријат својот афинитет и потенцијал“. – изјави Горан Ѓоргоноски, координатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“.

Под платформата SparkasseLife, Шпаркасе Банка ја пренесува пораката до сите да веруваат во иднината, да веруваат во себе и да се надградуваат, а со тоа да ја движат заедницата напред.

-„Со оваа поддршка, Шпаркасе Банка не само што инвестира во спортот, туку и во иднината на нашата заедница, а преку стимулирање на развојот на младите таленти, се создаваат услови за нивна успешна интеграција во општеството. Како Банка која ја почитува работата и визијата која ја имаат проектите „Ракомет За Секое Дете“ и „Поддршка за секое дете“, многу сме радосни што на децата кои потекнуваат од социјално ранливи семејства ќе им пружиме поддршка и можност да го практикуваат ракометот и да го откријат афинитетот кон еден од најуспешните спортови во државата. Со тоа сакаме да ги мотивираме и да ги поттикнеме да го дадат својот максимум, да го искористат својот потенцијал и со ентузијазам да почнат да го практикуваат спортот како важен сегмент од сопствениот развој.“ – изјави Ивана Петревска, Директор на Дирекција за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Повик за учество: Сите заинтересирани родители на деца до 12 години, кои се корисници на Социјална парична помош и сакаат да ги вклучат своите деца во проектот „Поддршка за секое дете“, можат да се информираат и пријават на контакт телефон +389 70 355 141 или преку е-пошта на kmgsport1@gmail.com.

ПР Објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

"ЦРН ПЕТOК" шопинг треска – Како да профитирате од Амазон и eBay?

"ЦРН ПЕТOК" шопинг треска – Како да профитирате од Амазон и eBay?

Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

За повеќе забава со А1 припејд: Нов месечен припејд пакет со 50GB преку Мојот А1

За повеќе забава со А1 припејд: Нов месечен припејд пакет со 50GB преку Мојот А1

ТИТАНИУМ – НОВ ИНСТАНТ ЛОЗ СО ВОЗИЛА НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

ТИТАНИУМ – НОВ ИНСТАНТ ЛОЗ СО ВОЗИЛА НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

Промоција на станбениот кредит од Халкбанк

Промоција на станбениот кредит од Халкбанк

Со 100.000 засадени дрвја, dm дрогерие маркт успешно ја круниса третата година од еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Со 100.000 засадени дрвја, dm дрогерие маркт успешно ја круниса третата година од еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

СРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНА: ИВИЦА ЖИВКОВСКИ Е МИЛИОНЕР СО ОСВОЕНИ 1.392.276 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ПРИКАЗНА: ИВИЦА ЖИВКОВСКИ Е МИЛИОНЕР СО ОСВОЕНИ 1.392.276 ДЕНАРИ