25 Ноември, 2024
0.0253

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Во среда ќе има јавна берзанска аукција со 9,83 проценти од акциите на Македонијатурист.

Аукцијата ќе се организира по моделот „Се или ништо“.

Ова беше објавено од самата Македонска берза за долгорочни хартии од вредност.  

Ве известуваме дека на 27.11.2024 година (среда), на барање на членката Еурохаус АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) ќе се понуди за продажба пакет од 44.449 обични акции издадени од Македонијатурист АД Скопје што претставува 9,83 отсто од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 10.150 денари по акција преку моделот „се или ништо“, се вели во објавата од берзата.

Ова значи дека доколку се најде купувач за овие акции, и доколку се прифати оваа најмала почетна продажна цена од 10.150 денари за акција, новиот купувач ќе треба да плати најмалку 7,34 милиони евра.  

Инаку, и пред извесен период, односно прецизно на 17 јули годинава имаше јавна берзанска аукција со акции на Македонијатурист, при што се продаваше истава количина и процент на акции, но тогаш имаше почетна цена од 9.800 денари за акција. Тогаш аукцијата не успеа, односно немаше понуда од друга страна за купување на акциите. Но сега, со оглед на атрактивноста на овие акции, се очекува зделката најверојатно да успее. 

Постапка на јавна берзанска аукција при моделот се или ништо предвидува дека на самиот ден на одржување на аукцијата, членката на Берзата -  застапник на продавачите на акциите, ги внесува продажните цени и количините за определени акции во БЕСТ системот. Аукцијата на акции се одвива во две фази и тоа: фаза на индикација на интерес, во траење од 5 минути, фаза на наддавање, во траење од најмалку 5 минути, при што, доколку во последната минута не дојде до подобрување на најдобрата куповна цена, се склучува трансакција. Во спротивно, доколку во текот на последната минута од 5-те минути наддавање дојде до промена на најдобрата куповна цена, наддавањето продолжува со нови 5 минути по истекот на претходните 5 минути. Доколку дојде до промена на најдобрата куповна цена во текот на последната минута од новите 5 минути, наддавањето продолжува за дополнителни 5 минути. Ваквиот начин на продолжување на наддавањето може да се случува најмногу во 10 интервали (10 пати по 5 минути). Доколку во текот на било кој интервал од по 5 минути не дојде до промена на најдобрата куповна цена во текот на последната минута од 5-те минути, БЕСТ системот склучува трансакција по последната најдобра куповна цена. Во случај на наддавање во 10 интервали, БЕСТ системот склучува трансакција по најдобрата куповна цена во десеттиот интервал. 

Последното тргување на редовниот пазар со акции на Македонија турист било пред неколку дена кога се постигнала цена од 7.700 денари за акција, но претходно поминаа блокови во кои се постигна повисока цена за една акција од оваа угостителско-хотелиерска компанија. 

Н.Н.Ф. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа