29 Септември, 2024
0.0265

ШЕКЕРИНСКА ДО ПРИЛЕПЧАНИ: Армијата не е тука да ви создаде страв, туку да ви помогне

Објавено во: Македонија 13 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денес беше на средби во касарната Мирче Ацев во Прилеп, како и во локалниот кризен штаб.

Обраќајќи им се на војниците и старешините министерката упати благодарност за нивниот ангажман.

Пред состанокот на кризниот штаб во Прилеп на кој присуствуваа и членови на армискиот Генералштаб како и вицепремиерот Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, Шекеринска изрази сочувство за жртвите од коронавирусот во овој град.

“Тоа ни ја испраќа пораката дека мора континуирано да ги почитуваме препораките и да бидем побрзи и поефикасни во спроведување на истите. Денеска сме во Прилеп да ја изразиме нашата поддршка и нашата солидарност, но и да покажеме дека како држава во услови на криза, може да се реагира брзо и ефикасно”, рече министерката.

Вчера, истакна Шекеринска, градоначалникот на Прилеп упати повик за поголем ангажман на нашата Армија, токму во Прилеп како една од општините каде се забележува зголемување на бројот на заразени. Армијата, рече таа, ќе му помогне на Прилеп но и прилепчани треба да ги почитуваат мерките.

„Денеска е веќе забележително дека Армијата почна да функционира на еден нов начин. Уште од петокот, касарните започнаа да даваат поддршка на општините, кои бараат таква поддршка. Денеска, може да се види дека и во Прилеп и во Куманово, Армијата презеде активности со кои ја поддржува општината, но пред се’ влијае на одржување и обезбедување на сите мерки за безбедност од страна на граѓаните во секојдневниот живот”, подвлече Шекеринска.

Задачата на Армијата, нагласи, денеска во Прилеп не е за да се создаде страв, туку почитта која ја уживаат кај граѓаните да помогне при создавањето на ред. Сакам да и’ честитам на општината, која е можеби прва во државата која ги обележа местата пред маркетите и банките, при што им препорачува на граѓаните каде да стојат и да ја почитуваат дистанцата”, рече Шекеринска.

Општината, рече таа, го прави своето, Армијата дава поддршка, секој од нас одлучува дали овие препораки ќе спасуваат животи, или нема да се почитуваат.

Можеби ќе ве интересира

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи