27 Април, 2024
0.0345

Шекеринска: Националните институции ќе бидат преименувани

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Министерката за одбрана и потпретседател на Владата, Радмила Шекеринска вечерва во Фактор магазин изјави дека договорот не се занимава со имиња на конкретни инстутуции, но има јасна одредница. 

„Сѐ она што е национално, етничка припадност, сѐ она што е врзано со Македонците, во Македонија ќе продолжи да го носи атрибутот македонско. Она што е врзано со државата, ќе биде прилагодено на решението коешто е усогласено. Јас како граѓанин и како човек ќе продолжам да бидам Македонка, и тоа никој нема да може да ми го негира, но  ќе бидам министер во Владата на Република Северна Македонија. Мислам дека тоа е решение кое ги охрабрува сите граѓани, кои се плашеа дека било каков компромис значи напад врз нашиот идентитет и посебност, а покажува дека тоа не е така. Сиве овие години имаме многу договори со ЕУ, Фронтекс последно се преговараше подолго време меѓу другото и заради ова прашање. Во Македонија постоеше страв дека ќе стои македонски јазик, меѓутоа тоа нема да може да се преведува. Договорот е добар затоа што предвидува македонски јазик, преведено на сите јазици, предвидува чиста формулација за државјанството, македонско, и тоа исто така ќе биде преведено на сите јазици“- вели таа. 

Додава дека се подготвени за избори. 

„Ние сметаме дека ако тоа помогне на успешен референдум, и појасно граѓанско изјаснување, дека и тоа е опција којашто ние сакавме да ја носиме заедно со опозицијата, меѓутоа дека ние како Влада, ќе носиме одлуки коишто се паралелни со нашата одговорност. Ми стана јасно на почетокот на јуни дека ВМРО-ДПМНЕ барата избори кои нема да бидат брзи. И јасно ни е зошто бегаат, затоа што ќе изгубат“- вели Шекеринска. 

За избори со референдум ќе одлучат врз основа на интересот на граѓаните. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“