Шекеринска: Не им се мешаме на ВМРО-ДПМНЕ за оставката на Груевски

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2017
Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ и министер за одбрана, потенцира дека засега е рано да се оцени дали понудата за оставка на Груевски од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ е обид за политички маневар или пак е искрено, но секако Владата нема намера да се меша по ова прашање.
– За разлика од ВМРО-ДПМНЕ ние во СДСМ велиме дека партиските работи ги решаваат луѓето од партијата. Не им се мешаме, прерано е да се суди дали е политички маневар или е искрено дадена изјава. Нашиот фокус како Влада не се партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак на СДСМ. Нашиот интерес е како Македонија да се стабилизира и да оди напред со решаваше на своите стратешки прашања, рече Шекеринска за МИА.
На прашање дали понудената оставка на Груевски е поттикната по вчерашната средба кај претседателот Иванов, Шекеринска вели дека не верува оти првите луѓе на државата со претседателите на партиите, ќе се занимаваат со тоа кој треба да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците не си ги скратија патните трошоци

ТРИФОНОВ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МНОГУ НЕБЛАГОДАРНИ: Преку криви макарони ќе ја видат ЕУ

ДВА МЕСЕЦИ ЌЕ ИМА ЗАСТОЈ: Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините

ПРАТЕНИКОТ МУРАТИ ГО КРИТИКУВАШЕ ГОВОРОТ НА ДОДИК ЗА СВЕТИ САВА: Стоилковиќ даде објаснување за настанот

ЌЕ СЕ МЕНУВА ДРЖАВНИОТ ГРБ: Мицкоски и ВРЕДИ разговараат за ова прашање

OJO: Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционер

ЗАПЛЕНЕТA ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ДРОГА НА ГРАНИЦА - голема акција на МВР и Царина

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАШУВА, ВЛАСТА ОДГОВАРА - еве кои пратеници и министри денеска ќе ги вкрстат копјата
