Шекеринска вели дека проблемите треба да се решаваат, а не да се одложуваат
Објавено во: Македонија 14 Април, 2018 14:45
Во овој период сме фокусирани на планот А, а тоа е наоѓање решение, наоѓање на шанса да ги почнеме преговорите со Европската унија и да обезбедиме покана за НАТО, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
„Сметаме дека во оваа фаза дискусии на тема план Б можат да ја испратат погрешната порака дека Македонија е подготвена да се задоволи и со нешто друго“ - рече таа.
Додаде дека проблемите треба да се решаваат, а не да се одложуваат.
Шекеринска заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи одржаа отворен брифинг пред македонските медиуми на тема „Економија, реформа и интеграција на Република Македонија“ во организација на Владата на Република Македонија.
Шекеринска денеска истакна дека со враќањето на опозицијата во Парламентот и постигнатиот договор за најголемиот дел реформски закони заедно покажале дека тоа е важен знак за нормализација на состојбите во државата.
Тоа, рече Шекеринска на отворениот брифинг со медиумите, е резултат на разговори и преговори и дискусии меѓу владините партнери и најголемата опозициска партија.
„Власта и опозицијата покажаа дека веруваат дека оваа држава мора да се промени за да стане европска држава“ – истакна Шекеринска.
Според неа, еден од поважните реформски закони за кои е постигнат договор се однесува на следењето на електронските комуникации.
Гласањето, истакна, беше лесно, но му претходеа многу сериозни преговори до детали, кои и дадоа шанса на Република Македонија да го реформира системот на следење на комуникациите и да оневозможи негова злоупотреба, заштитувајќи ги притоа граѓаните.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




