17 Мај, 2024
0.0299

Шекеринска за новото издание на „Предизвици“: Западен Балкан и ЕУ да обезбедат повеќе искреност, поголема мобилизација и подобри резултати, исполнетиот збор е најмоќното оружје

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) со канцеларија во Скопје информира дека е излезен новиот број од тримесечното издание на магазинот за општествени прашања „Предизвици“ на тема „Ревидиран ЕУ пристапен процес, нов геополитички контекст, нови можности, стари ризици“.

Потпретседателката на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, професорката по уставно право и политички систем, поранешна министерка за образование и наука, како и поранешна министерка за правда Рената Дескоска, државниот советник за европски политики и координација во Секретаријатот за европски прашања Драган Тилев, пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија Санела Шкријељ и поранешната директорка на Фондацијата Отворено општество - Македонија Фани Каранфилова Пановска, во новото издание на „Предизвици“ споделуваат свои размислувања, очекувања и перспективи во процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија.

Шекеринска истакнува дека поместувањето на геополитичките тектонски плочи реално ја подотвори вратата на наше идно членство во ЕУ, но дека тоа нема да трае долго - тие што ќе ја искористат (под)отворената врата, ќе бидат идните членки во следните 10 години.

„Останатите ќе останат во досегашното лимбо: до Европа, но не во неа! Украина, на крајот на годината веројатно ќе ги почне преговорите со ЕУ. Сакале или не, тоа ќе создаде две подгрупи во процесот: држави коишто преговараат и држави коишто чекаат. Очекувањата дека нема потреба за брзање (и онака процесот ќе трае), дека знаат оти повеќе заслужуваме - се погрешни, нереални и опасни. Колку пати сме чуле и кажале дека членството во ЕУ се „одработува“ дома? Колку пати сме коментирале дека вредноста на проширувањето не е само крајната цел, туку: процесот на домашни реформи, градење посилни институции и создавање подобра држава за граѓаните? Колку пати сме се „колнеле“ во копенхашките услови како рецепт за одговорна политика? Безброј пати. За жал, исто толку пати сме се пожалиле дека не успеавме да ги вградиме реформите и проширувањето во позитивна спирала во која тие меѓусебно ќе се хранат и ќе го трансформираат општеството преку: внатрешен консензус, силен реформски порив и ЕУ награди“, вели Радмила Шекеринска.

Таа посочува дека не постои европски потег кој може да ја реши рубиковата коцка што сега е во наши раце.

„Резолуцијата за поддршка на македонскиот идентитет, јазик и култура од германскиот Бундестаг, најавите за сличен документ од Франција, изјавите на ЕУ функционерите дека Бугарија нема да може да го блокира понатаму процесот со други барања, па дури ни неодамнешната нервоза на бугарскиот претседател Радев - очигледно не се доволни за да го сменат ставот на опозицијата, ниту расположението на граѓаните. Според последните анкети, 56% од македонските граѓани се против внесување во Уставот и на бугарската етничка заедница заедно со другите. Дури и во услови на дополнителни гаранции, над 45% од анкетираните остануваат против, додека 36% во тој случај би дале поддршка.

Во магазинот „Предизвици“ на Фондацијата Фридрих Еберт, Шекеринска порачува дека ако најголемата опозициска партија смета дека уставните амандмани се прифатливи доколку се избегне опасноста за континуирани бугарски вета на истите теми, тогаш одложеното стапување во сила на амандманот (што би било проблематизирано од ЕУ) не е единственото решение на маса.

„Владејачките партии можат да излезат со конкретен предлог во кој ќе ја повикаат опозицијата да гласа за уставните измени, а претходно ќе понудат потпишување договор од сите парламентарни партии со кои тие ќе се обврзат да ја ревидираат уставната измена доколку Бугарија продолжи со блокирањето на процесот“, додава Шекеринска. 

Потпретседателката на ПЕС Шекеринска истакнува дека не постои нов пристап во ЕУ проширувањето, нова методологија или ревидирани правила кои ќе бидат „спасоносно решение“ во актуелната геополитичка конфронтација.

„Нема трик кој ќе нè спаси од стратешката грешка на почетокот од текстот. Единственото решение е многу напорно и многу едноставно: Западен Балкан и Европската Унија да обезбедат повеќе искреност, поголема мобилизација и подобри резултати. Исполнетиот збор е најмоќното оружје“, потенцира Шекеринска.

Радмила Шекеринска во два мандати беше министерка за одбрана на Северна Македонија (2017-2020, 2020-2022), кога земјата стана 30-та членка на НАТО и постигна целосна воена интеграција со алијансата. Претходно, Шекеринска беше вицепремиерка за европски интеграции (2002-2006), период кога Северна Македонија се стекна со кандидатски статус за членство во Европската Унија. Во четири мандати беше пратеничка во Собранието.

Целото издание на магазинот „Предизвици“ може да го прочитате на следниот линк: https://library.fes.de/pdf-files/bueros/skopje/15369/18-2023-06.pdf

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање