Шекеринска завршила на Ургентен со конци во главата
Објавено во: Македонија 28 Април, 2017
Радмила Шеќеринска, заменик претседателката на СДСМ и пратеничка во Собранието вчера по нападот била однесена во Ургентниот центар на скопските клиники. На Шеќеринска веднаш и е укажана лекарска помош, а поради повредите морало да се интервенира хируршки, односно раните морале да бидат шиени.
Шеќеринска во Собранието беше нападната од постар човек, кој ја удираше и влечеше за косата, но таа успеа да му избега за потоа дел од колегите пратеници да ја заштитат. На снимките се гледа идентитетот на напаѓачот.
Шеќеринска е надвор од животна опасност, како и останатите пратеници кои се потешко повредени, а се шпекулира дека била евакуирана од Собрание како медицинска сестра за да не влезе во нова опасност.