Шест години немале ваков економски раст
Објавено во: Економија 05 Февруари, 2019
Руската економија во 2018 година имала највисок раст за период од 6 години.
За тоа придонела градежната активност во земјата по повод Светското првенство во фудбал кое се одржа лани.
Растот на БДП е 2.3% и тоа е највисок раст од 2012 година.
Претходно се проценуваше дека Русија во 2018 година ќе има раст од 1.8% или 2.2%.
Но, за оваа 2019 година се очекува дека растот ќе успори. Инвестиционата активност во декември се намали.