06 Октомври, 2024
0.0336

Шестлистен ТИР карнет ќе се издава од октомври

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

На македонскиот транспортен пазар oд следниот месец во рамки на пилот проект ќе се издава  и шестлистен ТИР карнет, наменет за транспортни операции од, за и низ Европската унија.

На барање на  транспортните асоцијацации од балканските држави, Меѓународната унија за патен транспорт го воведе шестлистниот ТИР карнет, откако со влегувањето на Хрватска во ЕУ се создадоа нови услови за актуелизирање на идејата за негова реализација, велат од СИЗ „Македонија сообраќај“.

Со новиот ТИР карнет  се очекува  да се овозможи висококонкурентна цена во споредба со цената за транзит и финансиската гаранција во рамки на конкурентниот Т-систем, што ја обезбедуваат шпедитерите или царинските брокери.

- Користењето на овој шестлистен ТИР-карнет, како и на другите типови ТИР-карнети, има предност и во одржување комерцијална доверливост во работењето на транспортните компании, не откривајќи ги доверливите комерцијални податоци на потенцијалните конкуренти. Новиот ТИР карнет, исто така, овозможува брза проценка на ризик, благодарение на електронската потврда за завршување на ТИР-транспортот преку  Safe TIR - системот на ИРУ, оценуваат од СИЗ „Македонија сообраќај“.

Очекуваат шестлистниот ТИР карнет и користењето на бесплатниот веб базиран софтвер за електронска преднајава при влез во земјите на ЕУ (ТИР-ЕПД) со која се поедноставуваат  трговијата и работата на надлежните царински органи и на транспортните оператори, да прерасне во атрактивен инструмент за економично и профитабилно работење на македонските транспортери.

Според транспортната асоцијација, шестлистниот ТИР карнет е добредојден за превози од и за Турција, бидејќи ќе се извршуваат со помал трошок, но исто така ќе можат да се користат и на други релации што ги користат македонските транспортери. Транспортните компании ќе можат да го користат шестлистниот ТИР - карнет со потпишување посебен додаток кон Декларацијата за согласност, што ја потпишуваат при нивниот прием во ТИР- системот. Анексот кон Декларацијата може да се потпише во просториите на ТИР одделението на СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ,  каде и ќе се издаваат шестлистните ТИР- карнети.

ТИР системот е создаден за да се олесни трговијата и транспортот, а истовремено и да се имплементира меѓународен хармонизиран систем на царинска контрола, што на ефективен начин го заштитува приходот на секоја земја низ која се превезува стоката. Системот досега има 68 земји потписнички на четири континенти.

Во последните десет години бројот на ТИР-карнети издадени на годишно ниво  изнесува околу три милиони, а АМЕРИТ годишно издава 26.000 ТИР карнети.

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми