17 Мај, 2024
0.0282

Шестмина штипјани лани направиле профити од милион евра! Кои се тие?

Објавено во: Економија 03 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Четири штипски фирми поседувани од вкупно шестмина штипјани лани оствариле профити поголеми од еден милион евра. Теоретски секој од тие шестмина ако одлучи да ја трансферира добивката на лична сметка може да да каже дека лани заработил барем еден милион евра!

Штип има силна економија и заслужено го носи епитетот најсилен бизнис центар на источна Македонија. Статистиката на ланските резултати покажува дека дури 6 штипски компании лани имаат профити што се повисоки од еден милион евра. Од нив две компании се поседувани од странци, а другите четири друштва се поседувани и управувани од жители на Штип. Освен тоа Штип лани имал уште две компании чии профити биле многу близу до маргината од еден милион евра.

Кои се најуспешните „нејтив“ штипјани лани?

Најпрофитабилна и воедно најголема штипска компанија лани била индустријата за производство на метални конструкции Актива. Ова друштво лани остварило добивка од 3,26 милиони евра што е за 20 отсто подобар резултат од 2018 година. Приходите на Актива лани изнесуваат 30 милиони евра и се за 4 отсто повисоки од претходната година. Соодносот на приходите и профитот покажува дека лани друштвото било значајно поефикасно од претходната 2018 година. Актива има тројца сопственици – физички лица. Тие се: Саше Николовски, Иле Николов и Зоран Илиевски. Иако не го знаеме соодносот на уделите , просечно и апроксимативно секој од нив тројцата ако се подели добивката како дивиденда би добил по еден милион евра од сопственички права во Актива.

Убедливо најголем профит (од аспект на тоа дека има само еден сопственик) лани имал Кирил Гогов сопственикот на Кит – Го четвтиот најголем ланец на супермаркети во земјава (според остварената продажба). Ова друштво лани остварило приход од 63,3 милиони евра и нето добивка од 2,4 милиони евра што е за 45 отсто подобар резултат од претходната 2018 година. Доколку Гогов одлучи како сопственик на ја повлече целата добивка би бил најуспешниот штипјанец сопственик на фирма во 2019 година.

Очекувано во друштвото на милионерите се најде и Роберт Димитров сопственик на друштвото за жичани телекомуникации Роби ДООЕЛ сопственик на големиот кабелски оператор „Телекабел“: Роби ДООЕЛ лани оствари приходи од 13,1 милиони евра и профит од 1,8 милиони евра. Димитров има добивка од 1,8 милиони евра која доколку одлучи може да ја префрли на своја лична сметка како единствен сопственик на друштвото Роби ДООЕЛ.

Меѓу најуспешните штипјани лани е и Бранко Дрнадоловски сопственик на маркетинг агенцијата Плакат Медиа Два. Неговата фирма лани остварила профит од 1,05 милиони евра што е за 18 отсто послаб резултат од 2018 година. Приходите на Плакат Медиа Два лани изнесуваат 1,3 милиони евра. Фирмата на Дрндаловски е без конкренција најпрофитабилната компанија, без конкуренција. Затоа што како добивка лани останале 80 отсто од приходите.

Од другите друштва поседувани од штипјани лани најблизу до профит од еден милион евра биле винарската визба Езимит Вино и Хамачи ДООЕЛ. Езимит Вино лани е со реализација од 1,35 милиони евра, а добивката изнесува 918.000 евра. Сопственици на ова друштво се Вито и Дебора Митровски деца на основачот на друштвото Зоран Митровски. Хамачи е компанија поседувана од Влатко Јорданов и се занимава со трговија со моторцикли. Лани друштвото имало добивка од 801.000 евра, а приходот изнесувал 3,75 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ