19 Мај, 2024
0.0258

Шилегов: Двојно повеќе казни за загадувачите од лани

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Има засилени активности на градскиот инспекторат со двојно поголем број казни за загадувачите, информираат од град Скопје. На денешната дваесетта седница на Советот на град Скопје, советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија, јавните институции и средните училишта кои се во ингеренција на град Скопје.

Прашањата во најголем дел се однесувале на загадувањето на амбиенталниот воздух и активностите на градскиот инспекторат. Градоначалникот Петре Шилегов информирал дека има се повеќе контроли и дежурства на Инспекторатот а за да се дејствува за намалување на загадувањето на воздухот. Вели дека двојно е зголемен бројот на казни во однос на истиот период лани.

„Сериозно ги интензивиравме активностите на инспекциските служби и во месец септември изречени се 132 мандатни казни при контрола и надзор на капацитети коишто работат со Б-лиценци и се во наша надлежност, при контролите на градежни објекти, како и на лица кои несоодветно го третирале отпадот. Интензивните активности продолжија и овој месец  и досега во месец октомври изречени се 220 опомени и 137 мандатни казни”, соопшти градоначалникот Шилегов. 

Редовен инспекциски надзор се врши и на правни субјекти-инсталации кои подлежат на Б-интегрираната еколошка дозвола. Според извештаите правните субјекти редовно доставуваат резултати од мерења со кои се задолжени во самата дозвола, бучава, ПМО честици, испитување на вода во реципиенти. Воедно, инспекциските служби вршат интензивна контрола на градилиштата во Скопје.

Градоначалникот Шилегов информирал и дека во октомври на територија на град Скопје е извршена засилена контрола на градилиштата во сите општини во Скопје. 

„Во овој период извршени се контроли на повеќе од 50 локации каде што се вршат градежни активности, при што на изведувачите им се укажува да не се излегува од градилиштата  на улица со камиони со валкани тркала и непокриени со церади. Во периодот што следува ќе продолжат засилените контроли и доколку се констатира прекршување на законот, ќе следуваат соодветни казни за правните и за физичките лица”, рекол Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа