Шилегов ќе ги ослободува заробените дрвја
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019
Во иднина ниту едно дрво во главниот град нема да биде заробено. Ова го тврди скопскиот градоначалник кој се пуштин во акција за ослободување заробени дрвја.
Акцијата предизвикана од градежен материјал при нестручно изведени градежни активности на јавните површини стартува од Дебар Маало каде во моментов има најмногу заробени дрвја.
Шилегов вели дека поради лудата урбанизација придонела да се заборави животната средина па оттука порачува и дека градот ќе направи се за да се ослободат дрвјата кои се развиени а се природен прочистувач на воздухот.
Во скопски Аеродром Шилегов информираше дека се мапирани околу 20 дрвја кои ќе се ослободат уште денеска.