13 Март, 2025
0.0279

Шилегов: Се подготвува тендерот за забавниот парк, втората жичарница и скијачката патека на Водно нема да се реализираат

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје, по собирот „Чекор по чекор“ на одбележувањето на навршувањето на две години од неговиот мандат вели дека во моментов се подготвува тендерската документација за тематскиот забавен парк кој треба да биде различен концепт од проектот за нов „Луна парк“ но на истата локација. Главниот град кој има повеќе од 700.000 жители веќе долго време е нестрплив да го добие својот забавен парк, кој според самата замисла на претходниот градоначалник Коце Трајановски требаше да биде завршен во 2018. 

- Градот го напушти концептот на „Луна парк“ како застарен. Имаме малку поинаков проект кој подразбира да не се имплементира дел на она што било замислено. Од мојата лична релација со еден од најпознатите творци на забавни паркови кој ја презентираше својата студија. Таа беше презентирана во јавноста и е донација која Град Скопје нема да ја плати. Во моментов се подготвува тендерската документација и јас очекувам до март следната година постапката да биде завршена. Очекувањата се дека градбата би траела една година. Летото 2021 ќе го предадеме во оперативна употреба. Она што ние ќе го бараме во огласот е операторот да има организирано најмалку еден забавен парк на територијата на Европска Унија. Со оглед на тоа што е предвидена сума од 11 милиони евра како инвестиција, очекувањата се дека ќе има интересенти на повикот, одговара Шилегов на прашање од „Фактор“.

Истовремено Шилегов ги отфрли целосно идеите за жичарница до Средно Водно и за скијачка патека на Водно. Нагласи дека не постои волја и услови истите да се реализираат.

- Проектот за вториот дел од жичарницата е на Министерството за транспорт и врски, но од она што јас го знам, локацијата на првата станица е неприфатлива, како и втората во близина на Институтот за белодробни заболувања за деца што во најмала рака е несериозно. Според моите сознанија, истиот нема да продолжи и ќе остане проектот на ова ниво на изградба. Што се однесува до можноста за скијање на Водно, планината е недоволна и можноста за патека од само 800 метри е недоволна. Северната страна од планината е целосно пошумена, додека јужната е метеоролошки неповолна за вештачки снег. На еден час возење од Скопје веќе има две места за скијање и се надевам дека во иднина државата ќе вложува повеќе во истите, вели Шилегов.

Градоначалникот најави дека проектот за трамвај на струја ќе започне со почетна реализација пред Нова Година а за истиот поддршка ќе даде и Владата откако премиерот Зоран Заев вчера од собраниската говорница најави инвестиција од 100 милиони евра. До Нова Година најави и почеток на проширување на улицата „Пластичарска“ на која е предвидено и велосипедска-патека.

Рече дека вчера Град Скопје го добил судското решение според кое повторно ќе може Град Скопје во Централниот регистар да побара враќање на депонијата „Дрисла“ под градско управување.  Што се однесува до решавањето на проблемот со чопорите на кучиња скитници, тој не кажа кога ќе започне со работа новото јавно претпријатие „Лајка“ за нивно згрижување, но рече дека во моментов во стационарот се мести подно греење.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинетите за двојното убиство требало да киднапираат 40 годишна жена, а Вања ја грабнале по грешка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинетите за двојното убиство требало да киднапираат 40 годишна жена, а Вања ја грабнале по грешка

САМО СЕДУМ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ИМААТ ЧИСТ ВОЗДУХ: Македонија ја нема таа привилегија

САМО СЕДУМ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ИМААТ ЧИСТ ВОЗДУХ: Македонија ја нема таа привилегија

ПАЛЧО ИМАЛ СПИСОК НА ЛИЦА ЗА КИДНАПИРАЊЕ: На неа се нашле имотни лица

ПАЛЧО ИМАЛ СПИСОК НА ЛИЦА ЗА КИДНАПИРАЊЕ: На неа се нашле имотни лица

ОСПОРЕНИ СЕ ОДРЕДБИТЕ НА МЕТОДОЛОГИЈАТА: Уставен суд поведе постапка за Пописот

ОСПОРЕНИ СЕ ОДРЕДБИТЕ НА МЕТОДОЛОГИЈАТА: Уставен суд поведе постапка за Пописот

ИНЦИДЕНТ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА: Лекари се степале во операциона сала

ИНЦИДЕНТ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА: Лекари се степале во операциона сала

ПАЛЕВСКИ ЈА ПРАШУВАЛ ВАЊА КОЛКУ СТАНОВИ ИМААТ: Таа му рекла од таткото да не бараат пари, туку од нејзината мајка која душата ќе ја даде за нив

ПАЛЕВСКИ ЈА ПРАШУВАЛ ВАЊА КОЛКУ СТАНОВИ ИМААТ: Таа му рекла од таткото да не бараат пари, туку од нејзината мајка која душата ќе ја даде за нив

ОБВИНИТЕЛКАТА СЕ РАСПЛАКА НА СУДЕЊЕТО: Палевски десет дена следел и фотографирал жена која требало да ја киднапираат

ОБВИНИТЕЛКАТА СЕ РАСПЛАКА НА СУДЕЊЕТО: Палевски десет дена следел и фотографирал жена која требало да ја киднапираат

Газдата на „Пуцко петрол“ добил домашен притвор зошто бил болен и татко на четири деца

Газдата на „Пуцко петрол“ добил домашен притвор зошто бил болен и татко на четири деца

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал обвинител кога слушнал за акцијата со мазутот

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал обвинител кога слушнал за акцијата со мазутот