ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинетите за двојното убиство требало да киднапираат 40 годишна жена, а Вања ја грабнале по грешка
Објавено во: Македонија 12 Март, 2025 21:28
ВЕЛИБОР МАНЕВ КАЖА ДЕКА ВАЊА ЈА КИДНАПИРАЛЕ ПО ГРЕШКА
Обвинетиот Велибор Манев на денешното судско рочиште раскажа во детали како Љупчо Палевски - Палчо ја убил Вања Горческа, откако претходно изнесе и детали за тоа како бил егзекутиран Панче Жежовски од првообвинетиот.
Според Манев, првично требало да биде киднапирана возрасна жена за да се изнудат пари, но по грешка, како што рече, била грабната Вања, а Палевски ја егзекутирал откако видел дека работите не тргнале како што треба.ГАЗДАТА НА „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ДОБИ ДОМАШЕН ПРИТВОР ЗАТОА ШТО БИЛ БОЛЕН И ИМАЛ 4 ДЕЦА
Обвинителството за организиран криминал и корупција објави дека судот одобрил куќен притвор за газдата на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, додека за останатите осомничени бизнисмени Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски ефективен притвор,затоа што овој првиот наводно приложил документација дека е болен.
Во моментов нема јасен одговор дали обвинителот се согласил со решението на судот и дали ќе има жалба за ваквата одлука.БЕСИЈА ИЉАЗИ ДОБИ УСЛОВНА КАЗНА
Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија е осудена минатата недела во скопскиот Кривичен суд, откако призна вина за злоупотреба на службената положба и овластувања, дознава „Слободен печат“.
Според обвинителниот предлог, додека била на функцијата организациски директор, таа ги надминала своите овластувања со цел да обезбеди противправна имотна корист за 17 лица.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Државата повторно се задолжи преку две обврзници на домашниот пазар, кои имаат различна рочност.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




