18 Мај, 2024
0.0310

Шилегов: Задолжувањето од 15 милиони евра е за Забавниот парк

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Петре Шилегов, градоначалникот на главниот град, рече дека Град Скопје оваа недела се задолжил со 15 милиони евра за изградбата на Забавниот парк на местото на поранешниот Луна парк, а не за предизборна кампања и поткуп на гласачи, како што претходно објави советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

- Кога немаат аргументи, измислуваат глупости за замајување на јавноста. Креираме субјект кој што ќе креира пари и според студијата која што ја имаме треба по седум години вложените средства да ги врати. Ќе помогне Скопје да стане туристички регионален центар. Тоа ќе биде објект кој ќе биде имот на Град Скопје, а не споменик. Инаку, само за одржувањето на спомениците годишно даваме по милион евра, рече Шилегов денеска пред новинарите.

Претходно опозициските советници во јавноста се огласија дека тој работи расипнички во корист на својата партија пред предвремените парламентарни избори во април.

„Расипничкото работење на Шилегов нема крај. Расипникот Петре Шилегов градот Скопје само оваа недела го задолжи за нови 15 милиони евра кредити. Петре Шилегов само оваа недела го задолжи секое семејство во Скопје со нови 100 евра. Шилегов е градоначалникот на кој не му сметаше да потроши 400 илјади евра за новогодишно китење на градот и фамозни 100 илјади евра од непознати донатори за пеачот кој настапи, а сега се задолжува нови 15 милиони евра“, рекоа од таму.

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?