20 Декември, 2025
0.0456

ШК „Алкалоид“ со меѓународно засилување за Европскиот Клупски Куп 2015

Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2015 12:01

Добивај вести на Viber

Најуспешниот клуб во шаховската историја на Македонија, ШК „Алкалоид“, добива засилување од 5 странски врвни велемајстори, непосредно пред подготовките за најсилното клупско шаховско натпреварување – Европски Клупски Куп (European Club Cup), кое ќе се одржи во Скопје, во октомври годинава.

Покрај најдобрите македонски шахисти, боите на „Алкалоид“ ќе ги бранат и петтмина од топ 50 на светската рејтинг листа, кои ќе настапат и на екипниот Шампионат на Македонија, кој ќе се одржи од 20-ти до 26-ти јули годинава, во Струга. Меѓу нив се следниве:

Дмитриј Јаковенко - член на Руската шаховска федерација; Европски шампион за 2012 година; Светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; Првак на Европскиот екипен шампионат за 2007 година и носител на сребрен олимписки медал за 2012 година.

Евгениј Томашевски - член на Руската шаховска федерација; Европски шампион за 2009 година и освоено прво место со руската репрезентација на Светскиот екипен шампионат во 2010 година.

Васиљ Иванчук – член на Украинската шаховска репрезентација и истакната шаховска легенда која на врвот котира 25 цели години, достигнувајќи го неколку пати и високото второ место на светската рејтинг листа. Со репрезентациите на СССР и Украина освојува 4 златни, 1 сребрена и 3 бронзени  олимписки медали, а во периодот од 2007-2008 е Светски шампион во брзопотезен шах (blitz).

Дмитриј Андрејкин – член на Руската шаховска репрезентација; Светски јуниорски првак за 2010 година и Шампион на Русија за 2012 година.

Јуриј Криворучко - член на Украинската шаховска репрезентација; Шампион на Украина за 2013 година и континуирано член на ШК „Алкалоид“ во последниве 4 години.

Покрај најсилен шаховски клуб во Македонија, ШК „Алкалоид“ претставува и главен столб на државните репрезентации. Под спонзорство на „Алкалоид АД“ Скопје, клубот функционира континуирано цели 39 години, имплементирајќи го корпоративниот начин на функционирање по примерот на компанијата. „Алкалоид“ со текот на годините изгради моќен и препознатлив шаховски бренд во европски рамки, со долгорочна стратегија за развој и максимална ориентираност кон меѓународната сцена.

Ранг-листа на шахистите кои ќе ги бранат боите на „Алкалоид“ на Европскиот Клупски Куп 2015

rang lista

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии