26 Април, 2024
0.0318

Шокантни резултати: 56,5 отсто Грци не сакаат име со терминот Македонија

Објавено во: Балкан 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Јавното мислење си го кажа своето. Запрепастувачки резултати од истражувањето  спроведено од агенцијата Капа Рисрч. Повеќе од половината Грци, или 56.5 отсто, посакуваат терминот Македонија да не биде вклучен во името на нашата земја, но само четири од 10 испитаници сметаат дека е изводливо решение без зборот Македонија, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Капа Рисрч“ за грчката телевизија „Алфа“.

На прашањето, која е желбата на анкетираните за разговорите за името, 56.5 отсто одговараат „да не биде вклучен терминот Македонија“, 38.5 отсто се за компромисно решение со сложено име, а четири отсто посакуваат решение со било кое име.

– Мислам дека по последните случувања, по протестите и политичката дебата што се отвори, целосно е логична желбата терминот Македонија да не биде вклучен во името – вели генералниот директор „Капа Рисрч“, Тасос Георгиадис, коментирајќи ги резултатите од истражувањето презентирано во централното издание на вестите на грчката телевизија.

На прашањето кое е изводливо решение на спорот со името, се забележува разликата меѓу желбата и реалноста на анкетираните, но и поделеноста на Грците што учествувале во истражувањето. Малку под 40 отсто, или точно 39.5 отсто велат дека е изводливо решение без терминот Македонија, само на 0.5 отсто помалку, односно 39 отсто им одговара сложено име со географска одредница, а 13.5 отсто дематаат дека не постои изводливо решение.

Истиот процент испитаници што не сакаат терминот Македонија да биде вклучен во името (56.5 отсто) се и против предлогот Горна Македонија (напишано на македонски без превод, слеано во еден збор).

Генералниот директор на Капа Рисрч коментира дека за оние што се против терминот Македонија во името, воопшто не игра улога која е одредницата.

На прашањето „дали решение со сложено име ерга омнес, непреведно, на словенски  јазик и договор за прашањата поврзани со иредентизмот“ е во правилна или погрешна насока, повторно има поделеност кај грчкото јавно мислење, бидејќу 48 отсто одговараат дека е во добра насока, додека 44 отсто сметаат дека е во погрешна.

Поделеност има и во однос на тоа што е повеќе во интерес на Грција, дали решение, па макар и со сложено име, (44.9 отсто) или проблемот да не се реши сега и да се остави за во иднина (46.8 отсто).

Мнозинството од анкетираните, 67.5 отсто, сепак, сметаат дека преговорите за изнаоѓање решение треба да продолжат, наспроти 30.5 отсто кои одговориле дека треба да се прекинат.

– Граѓаните, гледајќи ја опасноста од Турција, велат дека можеби некои од прашањата што се отворени нивната земја треба и да ги затвори – коментира генералниот директор на „Капа Research“, Тасос Георгиадис.

На прашањето дали ќе се постигне договор, 53.4 отсто  одговараат негативно, а 35.9 отсто позитивно. Овие резултати, според директорот на агенцијата што го спроведе истражувањето, се логични, бидејќи станува збор за долгогодишен проблем што трае многу години, па според тоа и народот не е оптимист дека е лесно да се постигне договор.

Дури 64.1 отсто од анкетираните негативно, односно веројатно негативно, го оценуваат начинот на кој грчката влада управува со конкретното прашање, а 31.6 отсто дава позитивна или веројатно позитивно оценка.

Додека пак, ставот на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, во прашањето за името, шест од 10 Грци (63 отсто) го оценуваат негативен или веројатно негативен, а 31.5 отсто позитивен или веројатно позитивен.

На прашањето „кои земји претставуваат опасност за Грција“, анкетираните одговориле: Турција 92.5 отсто, Албанија 47 отсто и Македонија 37 отсто.

Во истражувањето на Капа Рисрч за ТВ Алфа, учествуваа 1.343 испитаници, а беше спроведено од  1 до 9 март преку телефонски интервјуа.


Можеби ќе ве интересира

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)