03 Мај, 2024
0.0240

Штедиме, а не вложуваме: Над 5,6 милијарди евра во домашните банки

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Денес се обележува Светскиот ден на штедењето, а банките со новите понуди и погодности се обидуваат да привлечат што поголем број штедачи во услови на ниски камати.

Македонските граѓани во последните десетина години се’ повеќе штедат во банките, а вкупните депозити растат со стапка на околу осум проценти, што придонесе за значајно зголемување на штедењето од околу 10 процентни поени од БДП, достигнувајќи 55 проценти од бруто-домашниот производ, објави гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска.

Карактеристика за сите земји во Централна и Југоисточна Европа, каде што стапката на вкупното домашно штедење е на ниски околу 17 проценти, а Македонија е блиску до тој просек, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Нивото на штедните влогови е високо, изнесува 345 милијарди денари, односно 5,6 милијарди евра, информираше министерот за финансии Драган Тевдовски.

По повод Светскиот ден на штедењето наградени се 38 банкарски службеници. За првпат добија специјално за оваа намена изработени статуетки, кои ќе станат традиционални при секое одбележување на овој ден.

Светскиот ден на штедењето е воспоставен на 31 октомври 1924 година, на собир на банкарите во Милано, кога е основан и Меѓународниот институт за штедење.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски