ШТО ДОГОВАРАЛЕ МИЦКОСКИ И КИЧЕЕЦ - излегоа четири нови аудио бомби
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2020
Повторно излегуваат аудио бомби. Дали тоа укажува дека одржувањето на изборите во јуни станува се поизвесно.
Денеска излегоа четири аудиоснимки на кои се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, кој е осуден на три години затвор за аферата „Рекет“.
На четири објавени снимки се слушаат разговори помеѓу Мицкоски, Кичеец и извесна женска личност. Од разговорите се добива впечаток дека тие се направени за време на првиот круг од претседателските избори во 2019 година, бидејќи цело време се споменува датумот 21 април, како и дека Мицкоски и Кичеец договараат стратегии за соработка за претседателските избори, но и за после тоа.
Од разговорите се слуша и дека Мицкоски и Кичеец соработувале и претходно и дека Кичеец за него вели дека бил добар извршител и дека се што му било кажано било завршено.
Според снимките, Мицкоски бара од соговорникот се меѓу нив да оди во директна комуникација. Се договара Милевски да ги анализира состојбите во Охрид за првиот круг од изборите после што би договориле соработка и за вториот круг.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.