27 Април, 2024
0.0326

Што е имунизацијата и зошто е таа потребна за секое дете?

Објавено во: Македонија 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Европска недела на имунизација е настан кој ќе се обележи денеска. Во зоолошката градина во Скопје ќе се случува целиот настан на кој ќе се обрати министерот Венко Филиче а целта на оваа недела на имунизација е да се крене свесноста за вакцините како најдобра превентивна мерка за заштита на населението од заразни заболувања, а воедно за зачувување и одржување на колективниот имунитет. 

По тој повод со нашите читатели споделуваме еден текст со кој немаме никаква намера да ги убедуваме родителите дека имунизацијата е неопходна, туку имаме за цел да споделиме неколку факти околу истата...

Имунизација (вакцинација) е постапка со која се овозможува заштита од заразни болести. Имунизацијата е најдобар начин за заштита на децата од тешки болести кои можат да предизвикаат и смрт. Во Македонија децата бесплатно се вакцинираат против: 
• Хепатитис Б 
• Туберкулоза 
• Детска парализа 
• Дифтерија 
• Голема кашлица 
• Мали сипаници
• Црвенка(Рубеола) 

Како делуваат вакцините?
Вакцините содржат ослабени или убиени причинители на болести. Приготвени како вакцина, тие не можат да предизвикаат болест кај детето. 
• Со внесување на вакцината во организмот на детето се предизвикува природен начин на заштита, со создавање на одбрамбени антитела и клетки. Ако во текот на животот детето се зарази со болеста за која е вакцинирано, стекнатата отпорност по вакцинацијата ќе го заштитува од тешка болест и компликации. 
• За долготрајна и целосна заштита на детето, потребно е да се дадат различен број на дози од вакцините, во одредени временски растојанија и во различна возраст на детето. За таа цел постои календар за вакцинација. 
Како се применуваат вакцините?
Зависно од видот, вакцината се дава со: 
• инекција (во мускул, поткожно) 
• лажиче (да се испие) 

Кога може да се вакцинира, а кога треба да се одложи или воопшто да не се вакцинира едно дете?

Пред секое вакцинирање , детето задолжително се прегледува. Вообичаена, лесна инфекција на дишните патишта, со умерено покачена темепратура, не треба да биде причина за одлагање на редовниот термин за вакцинација. На вашиот педијатар, секако треба да му кажете ако детето имало: 
• Тешка реакција по преходна доза на вакцина 
• Тешка форма на алергија 
• Ослабен имунолошки сиистем (заради болест или примање на лекови) 
• Примање на крв или друг вид на крвни продукти
• Тешкотии во невролошкиот развој 

Врз основа на податоците од разговорот со родителите и прегледот на детето, лекарот ќе одлучи дали детето ќе се вакцинира. 

Како да се постапи ако се пропушти редовниот термин за имунизација?
• Најдобро е имунизација да се спроведува според календарот за имунизација, бидејќи само редовната и потполна имунизација обезбедува сигурна заштита на детето. 
• Доколку од оправдани причини се пропушти редовниот термин, вашиот педијатар, според важечките препораки за конкретната ситуација, ќе препорача кога да се продолжи со имунизацијата.

Што ќе се случи ако детето не се вакцинира?
• Доколку во тек на целиот свој живот не дојде во контакт со предизвикувачите на тешките заразни болести, нема да му се случи ништо. 
• Но, ако биде изложено на било која од овие болести, сигурно ќе се разболи, при што се можни комликации и смртен исход. 
• Многу е важно да се знае дека болеста сигурно ќе се пренесе на децата и возрасните во околината, кои што не се отпорни затоа што не се вакцинирани или не ја прележале болеста. Тоа значи, појава на епидемија со непредвидлив број на смртни исходи. 
• Со имунизацијата, не ги заштитуваме само своите деца, туку и внуците и правнуците. Како илустрација, тешката болест позната како големи сипаници (Вариола вера), повеќе не постои, благодарение на имунизацијата. Затоа, децата денес повеќе не се вакцинираат со оваа вакцина. Со целосно спроведување на програмата за имунизација, наскоро се очекува искоренување и на детската парализа, а потоа и на малите сипаници. 

Дали може да се јават несаканите ефекти од вакцинација?

Несакани ефекти на имунизацијата се ретки и ризикот за компликации е знатно помал за детето и заедницата, отколку имунизацијата да не се спроведува. 
• Околу половина од вакцинираните деца ќе пројаваат некаква реакција на местото каде ја примиле вакцината . Најчесто е тоа свраб со црвенило , оток или болка. Околу 25% ќе пројават вознемиреност и покачена темепратура. Овие несакани појави се отстрануваат со ставање на ладни облози и примена на антипиретици и аналгетитци (панадон, евентуално бруфен и сл). Покрај тоа , како и при секое друго заболување , на детето треба да му се дава лесна храна и обилно течност. Доењето е тогаш најдрагоцено. 
• Околу 15% од децата кои примиле вакцина против морбили, 7-10 дена по вакцинацијата може да пројават симптоми, кои наликуваат на блага инфекција со морбили-митигантни морбили (нетипичен исип по кожата, мала темепература). 
• Околу 10% од децата вакцинирани против рубеола, по 2-8 недели може да пројават реакција во форма на болка и благ оток на зглобовите. 
• Вакцината против заушки ретко дава компликации. 
• Многу ретко, по вакцинацијата може да се јават потешки несакани ефекти: акутна енецефалопатија, конвулзии во првите три дена по вакцината, висока темепратура со упорен плач и состојба слична на шок и анафилактичка реакција, веднаш по примање на вакцината. При пројава на вакви симптоми, детето треба веднаш да се однесе на лекар. Повторното примање на таа вакцина, кај овие деца е забрането (контраиндицирано).

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир