04 Мај, 2024
0.0255

Што е квасец за профитот на НЛБ Банка?

Објавено во: Економија 09 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Во споредба со лани депозитите се намалени за речиси 2 милијарди денари, нивото на кредитите падна за половина милијарда денари, а понизок е и вкупниот приход од кредити. За да обезеди континуитет во раст на добивката банката ги крати расходите за камати и има пониски резервации во споредба со лани. Сепак гледано по квартали , во периодот април-јуни профитот на банката е помал за речиси 215 милиони денари од периодот јануари-март!

Резервациите се „џокерот во ракав“ на НЛБ Банка во првите шест месеци годинава во кои таа успеа да прокнижи најдобар резултат досега, покажуваат податоците што ги објави таа банка на Македонската берза за хартии од вредност. Резервациите за пласманите на таа банка во првите шест месеци годинава се за речиси 175 милиони денари пониски од резервациите во истиот период лани. Тоа е сума што значајно влијаела врз растот на добивката на банката кој изнесува 929,7 милиони денари и е за 353,9 милиони денари поголем од лани.

Што се случи со резервациите на НЛБ во првите два квартали?

Многу важно за резервациите на НЛБ Банкае тоа што во првиот квартал банката ги прикажува во позитивен контекст и тоа е износ од 63,8 милиони денари односно над 1 милион евра. Тоа влијае супер врз добивката за прв квартал која надмина 570 милиони денари. Тоа значи дека се ослободени средства на банката кои биле резервирани за кредити. На крајот од вториот квартал годинава банката книжи резевации во износ од 102,68 милиони денари и тие ги прикажува како трошок (со знак минус) што значи дека се нововпишани. Тоа е значајна разлика за вториот квартал во однос на првиот кога според податоците банката ослободила резервации во износ од 1 милион евра.

Приходот од камати паѓа, но банката јако ги скастри расходите за камати

Од клучните параметри од кои се создава сликата за работењето на банката најважни се следниве: нето приходите од камати изнесуваат 1,417 милијарди денари и во споредба со истиот период лани се повисоки за 88,9 милиони денари во споредба со истиот период лани и тоа е раст од 6,7 отсто. Банката успеала да ги намали расходите за камати за 108 милиони денари. При тоа важно е да се истакне дека вкупниот износ на камати годинава е понизок во споредба со лани.

Кај надоместоците и провизиите банката годинава успеала за првите шест месеци да стигне до нето позитива од 488,4 милиони денари што е за 22,4 милиони денари подобар резултат од лани.

Паѓа обемот на кредитирање, намалена и депозитната база!

Обемот на кредитна активност на оваа голема банка бележи намалување во споредба со истиот период лани и тоа е преседан во последните три години. Обемот на кредитното портфолио на 30 јуни е 45,6 милијарди денари, а истиот период лани бил 46,09 милијарди денари. Намалувањето е половина милијарда денари. Пад бележи и вложувањето во хартии од вредност и тоа за речиси една милијарда денари до износ од 4,68 милијарди денари.

Очекувано оваа промена е во корелација со намалувањето во депозитната база на банката. Имено на 30 јуни годинава депозитите на коминтенти со исклучок на банките се на ниво 56,14 милијарди денари, а лани во истиот период беа 58,09 милијарди денари. Депозитите се намалени за речиси 2 милијарди денари во споредба со истиот период лани.

Првиот квартал бил подобитен од вториот!

Споредбата на двата квартали годинава покажува дека банката имала подобитно прво тромесечје. На крајот на март добивката на банката изнесува 572,2 милиони денари и во споредба со првиот квартал во 2016 година бележи раст од 211 милиони денари.

На полугодие добивката на банката е 929,7 милиони денари. Тоа значи дека во периодот април-јуни добивката на банката изнесува 357,5 милиони денари. Тоа е за 214,7 милиони денари помалку од првиот квартал!

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски