Што е причината за намалувањето на Јапонската економија?
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2016 12:16
Јапонските пазари ја почнаа неделата со скок по распродажбата минатата недела, но кинеските берзи имаа слаб почеток по пет дена одмор поради Кинеската нова година, соопшти CNBC.
Главниот јапонски индекс „Nikkei 225“ се зголеми со 7,16%, а помалиот „Topix“ скокна со 8,02%.
Во четвртиот квартал од 2015 година бруто домашниот производ на Јапонија се намали неочекувано силно - со 1,4 отсто на годишна основа. Аналитичарите очекуваа пад од 1,2 отсто, но поголемиот пад е поради силниот пад на потрошувачката, пишува „Financial Times“.
На овој начин јапонската економија забележува опаѓање во два од последните три квартали, што е сериозен удар на премиерот Шинзо Абе и неговата економска програма, позната како „Абеномика“.
Компаниите извозници забележаа раст во цената на акциите поради поскапувањето на доларот во однос на јенот. Минатата недела курсот падна до 111 јени за долар, а во 10:50 часот еден долар се разменувал за 113,88 јени.
Јужнокорејскиот „Kospi“ забележа раст од 1,47%, а австралискиот „ASX 200“ забележа 1,64% раст, поддржан од производителите на материјали и од енергетскиот сектор, каде што имаше соодветно 4,44% и 3,08% раст.
На кинеските берзи индексот „Shanghai Composite“ ги ограничи првичните намалувања од над 2% и на крајот заврши со 0,59 надолу. Помалиот „Shenzhen Composite“ ја заврши седницата без промени.
Трговијата во Кина забележа слаб старт на 2016 година, при што извозот се намалува доста повеќе од очекуваниот во јануари поради ниската побарувачка и забавено производство. Царинската управа во понеделникот објави дека извозот се намалува со 11,2% на годишна основа во текот на првиот месец од новата година. За споредба, во декември падот беше 1,4%, а економистите анкетирани од „Wall Street Journal“, прогнозираа намалување од 2,4% во јануари.
Увозот се намалува со 18,8% во однос на 7,6% во декември. Прогнозите беа за намалување од 4,6%.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




