03 Мај, 2024
0.0266

Што ги топи профитите на банките - во прво полугодие сите заедно 58 милиони евра

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Ако досега знаеја само за пораст на профитите, поради што им беа трн во окото на некои од компаниите, но и на граѓаните, од почетоков на годинава како да се топат добивките на македонските банки. Неповолниот тренд од првиот квартал, продолжува и во целото прво полугодие.

Најновите податоци на Народна банка покажаа дека сите македонски банки заедно во првите шест месеци од годинава оствариле вкупен профит од 58 милиони евра. Ако се има предвид дека во истиот период лани вкупната добивка на целиот банкарски систем тежела 90,6 милиони евра, значи дека банкарскиот профитен колач опаднал за 32,6 милиони евра.

Од 58 милиони евра колку што профитирале банките вкупно во првото полугодие од 2019, лавовскиот дел или дури 56 милиони евра отпаѓаат на петте големи банки. Одноно, заклучно со крајот на минатата година, пет банки според активата се класифицирани како големи банки. Малите банки, три на број, оствариле вкупна добивка од 1,5 милиони евра, а средните, седум банки, имале вкупн профит од само половина милион евра.

Ако се погледне истиот тајминг лани, големите банки имале вкупен профит од 84 милиони евра, средните го завршиле со добивка од 5,5 милиони, а вкупниот профит на малите бил 1,1 милиони евра.

А според објаснувањата што ги даваат Стопанска и Комерцијална банка како коментари на своите биланси на успех, всушност, нивните намалени добивки се должат на решавање на статусот на кавадаречки ФЕНИ во првиот квартал од годинава, односно на продажба на нивните побарувања во комбинатот, што го намалува и резултатот за цело прво полугодие.

Ако лани го завршила првото полугодие со добивка од речиси 28 милиони евра, првите шест месеци од годинава профитот на Стопанска банка е само 17,4 милиони евра. 

„Стопанска банка Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од 1.171.487 илјади денари, што претставува намалување за 38,8 отсто споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Намалениот резултат во тековниот период се должи на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци во првиот квартал од 2018, кога СБ склучи договор за продажба на своите побарувања, со што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат. Нето приходите од камати изнесуваат 1.819.754 илјади денари, односно се намалени за 4,3 отсто во однос на истиот показател од 2018 година, при што приходите од камати забележаа намалување од 5,2 отсто, додека расходите од камата забележаа намалување од 10,2 проценти. Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 537.114 илјади денари и се повисоки за 7,8 отст од истите во 2018 година“, се вели меѓу другото во известувањето од Стопанска банка Скопје.

И Комерцијална банка, која деновиве беше актуелна и по тоа што фрли око на Еуростандард банка, во првото полугодие има практично преполовена добивка, или 11 милиони евра, наспроти 21,5 милиони евра колку што оствари во истиот тајминг минатата година. 

„Во периодот од првите шест месеци Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 675,1 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.314,7 милиони денари. Помалку остварениот финансиски резултат во тековниот период се должи на два настани кои имаа клучно влијание на структурата на приходите на Банката во истиот период од минатата година. Имено, во текот на првиот квартал од 2018 година беа финализирани интензивните активности на Банката за решавање на статусот на должникот ФЕНИ – Кавадарци, така што беше склучен и реализиран договор за продажба на побарувањата од ФЕНИ, со што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат. Дополнителен ефект во минатата година имаше и реализираната висока капитална добивка од продажба на преземен имот. Наспроти ова, во тековниот период доминираат приходите од редовни активности и се забележува стабилизирање на нивото на исправката на вредност на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансни изложености“, објаснија од Стопанска банка во коментарот на финансиските резултати.

И кај НЛБ банка е регистрирано намалување на профитот, бил 19 милиони евра во првото полугодие лани, истиот тајминг годинава е 15,7 милиони евра.

„Банката, во анализираниот период  ги оствари планираните оперативни и финансиски цели, при што е зачувана висока ликвидност, стабилност и солвентност. Во анализираниот период, Банката оствари нетодобивка во износ од 963.243 илјади денари, што е за 20,1 отсто над планот, што се должи на континуирани продажни активности на кредитните и картичните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија и на значајните инвестиции во електронските сервиси кои се подостапни и побогати со дополнителни услуги и функционалности за клиентите“, напишаа во коментарот на финансискиот извештај од НЛБ банка.

Полошиот финансиски резултат се провлекува уште од првиот квартал, и тогаш, како што објави централната банка, добивката на банкарскиот систем остварена во првите три месеци од 2019 година беше преполовена во споредба со добивката остварена во истиот период од претходната, 2018.

„Ваквите движења се, во најголема мера, последица на влијанието на настани од еднократен карактер присутни во првото тримесечје од 2018 година (со нив се објаснуваат речиси 90 отсто од падот на добивката). Сепак, дури и да се изолира нивниот ефект, остварената добивка во првиот квартал од 2019 година е помала (за 9,4 отсто), во споредба со истиот период од претходната година, што, пак, најмногу произлегува од намалувањето на капиталните добивки од продажби на средства и на нето каматните приходи (заради пад на каматните приходи при истовремен раст на каматните расходи), како и од зголемувањето на оперативните трошоци на банките“, објаснија монетарните власти за послабиот банкарски профит за првиот квартал.

Се очекува Народната банка набргу да даде збирно видување за профитабилноста на банкарскиот сектор за првите шест месеци од годинава.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски