Што и како планира владата да направи со „Еурокомпозит“ ?
Објавено во: Македонија 05 Март, 2018
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска по средбата со бизнисмените во Стопанската комора изјави дека владата планира да го направи „Еурокомпозит“ добро претпријатие и во наредниот период ќе се обиде да го направи тоа. Тој исто така потенцираше дека на вработените ќе им бидат исплатени заостанатите плати.
„Во наредните 5 до 6 месеци квалитетно ќе биде решен проблемот. Вработените во овие месеци ќе ги добијат платите“, вели Анѓушев.
Анѓушев потсети дека ова државно претпријатие има проблеми веќе 15 години и никој не се обивел да го реши проблемот квалитетно, туку се покривале само одредени проблеми.