02 Мај, 2024
0.0241

Што им требаат вакви глупости на гугл и маринците?

Објавено во: Колумни 19 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Жарко Димитриоски е автор и водител на најпопуларното домашно ток-шоу “Еден на Еден” и креативен директор во истоимената маркетинг агенција . Секој петок ви ги пренесуваме неговите пораки во однос на бизнисот, маркетингот и претприемништвото кај нас. Ако можам сега да ве прашам дали чувствувате стрес додека ги вршите работните обврски (иако сигурно не би ве прашал баш тоа ако имам таква магична способност да ви поставам на сите одеднаш по едно прашање), научните студии велат дека отприлика 8 од 10 ќе одговорат ДА. И не е тоа ништо чудно. Чуден можеби ќе ви биде советот што јас ќе ви го дадам во однос на тоа како да се справите со тој стрес. Подготвени? Медитација! Токму така. Бројни истражувања покажуваат дека медитирањето намалува раздразливост, нервоза, анксиозност, намалува крвен притисок итн. Е па, ако е така, зошто речиси никој не го практикува тоа? Еве кои се топ 3-те работи кои јас ги гледам како одговор. Сите мислат – медитација е тешка глупост Повеќето имаат слика дека медитација е за некои чукнати хипици и слични на нив. Ниту јас не мислев нешто многу поразлично од тоа. Но, да бидеме реални, фирми како Гугл, Проктер и Гембл, Твитер и други, наголемо го поддржуваат тоа како пракса и градат соби за медитирање во своите канцеларии. Американската армија и маринци активно промовираат медитација. Ако некој не е чукнат, тоа се веројатно Гугл и маринците! Плус, голем дел од луѓето имаат тотално погрешна претстава за медитацијата. Постојат разни видови медитација, јас конкретно практикувам трансцендентална медитација (на која фанови се Џери Сајнфилд, Хауард Стерн, Дејвид Летерман, Расел Бренд и многу други). Но, убавината е дека секој момент на смиреност, релаксираност, исклучување од обврските и надворешните дистракции може да се смета за медитирање. Доволно е да го тргнеш погледот од компјутерот за момент, исклучиш мобилен, затвориш очи и веќе си таму. Никакви скрстувања нозе, миризливи стапчиња, што ти знам какви музики и слично. Најпроста, најобична пауза од се.  Многумина мислат дека не го можат тоа Сум чул и такви кои велат “не можам јас да го правам тоа, мене мозокот ми е 300 на саат!” Е да де, па тоа е и работата -  да беше тотално смирен, фокусиран и се да ти беше песна, немаше воопшто ни да ти треба медитација! Времето е такво да имање “мозок 300 на саат” си доаѓа со територијата, тоа стана природниот “дифолт”. Одвојувањето време за одмор (т.е. медитација) фукционира буквално како полнење батерија на телефон. Едноставно лапнуваш 30 % плус и продолжуваш со обврските. НЕМАМ ВРЕМЕ! Болеста на 21иот век. Се караме со денот зошто трае само 24 часа. “Немам време заби да измијам, не па да медитирам!” Еве зошто буквално секој има време – зошто доволни се 5 до 10 минути дневно. Јас медитирам 20ина мунути на ден, но за секого се сосема доволни само 10 минути токму во оној момент кога се чувствуваат првите знаци на сериозен умор од дневните обврски. Околу 2, 3 часот попладне, направете 10 минути пауза во кои ќе се исклучите буквално од се и ќе останете сами со себе во комфорна позиција на стол, двосед или било што и  автоматски батеријата ќе се дополни уште малку. Таман да можете да го довршите работниот ден во полна пареа. Жарко Димитриоски

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина