07 Април, 2025
0.0472

ШТО КАЖУВА СТАТИСТИКАТА ЗА НАШАТА ТРГОВСКА РАЗМЕНА СО САД - извозот сѐ досега бил помал од увозот, ама постојано се зголемувал

Објавено во: Економија 03 Април, 2025 12:12

Добивај вести на Viber

Во минатата година Македонија имала вкупна трговска размена со САД на сума од 290,6 милиони евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Тоа е намалување за 2 проценти во однос на претходната 2023 година, кога нашата вкупна размена со САД била на ниво од 296,6 милиони евра.

Со оваа вкупна меѓусебна размена, Америка лани била 17 држава по ред во категоријата на наши 20 најголеми трговски партнери.

Од овие пари, односно вкупно разменети 290,6 милиони евра, ние во Америка сме извезле, односно сме продале таму стоки за 109,6 милиони евра, што е зголемување за дури 121 отсто во однос на 47 милиони евра кои сме ги извезле во целата 2023 година.

Додека, пак, Американците нас за цела мината година ни продале стоки и производи во вредност од 180,9 милиони евра, што е намалување за 26,7 отсто во однос на претходната година.

Овие податоци говорат дека ние со САД сме имале дефицит во размената во минатата година, но јазот бил значително намален, бидејќи извозот пораснал драматично, а увозот кон таа земја бил намален.

На нашиот извоз таму сега ќе плаќаме царини од 33 отсто, додека, пак, нашите царини на нивниот извоз тука се 65 проценти.

Ако го земеме јануари годинава, пак, Македонците и Американците вкупно размениле 33,1 милиони евра, што било за 85,5 отсто повеќе од јануари 2024 година. САД во јануари годинава биле 12 според обемот на размената трговски партнер на нашата држава.

Во јануари годинава ние во Америка сме извезле стоки вредни 21,1 милиони евра, што е огромно, речиси трикратно зголемување на извозот во однос на јануари лани, кога извозот бил само седум милиони евра.

Од САД, пак, сме увезле стоки во вредност од близу 12 милиони евра, што е раст за 11,5 отсто во однос на јануари претходната година.

Што значи дека дефицитот продолжувал, но постојано одел кон натамошно ублажување со текот на времето, тренд кој сега може да биде прекинат.

Само за илустрација, со Германија лани сме размениле 4,3 милијарди евра, од кои извоз биле 3,1 милијарди евра, додека, пак, на увоз отпаднале 1,2 милијарди евра. Но, со нашиот најголем трговски партнер не ни е добро тоа што извозот е намален, а увозот е зголемен, но тој тренд сед ублажува во јануари оваа година. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАД 50 ЗЕМЈИ БАРААТ ПРЕГОВОРИ СО САД - американската администрација тврди „нема удар за потрошувачите“

НАД 50 ЗЕМЈИ БАРААТ ПРЕГОВОРИ СО САД - американската администрација тврди „нема удар за потрошувачите“

„ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ТАРИФЕН ПРИХОД НА ПОЧЕТОКОТ“ - еве го објаснувањето на американскиот министер за финансии Бесент (ВИДЕО)

„ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛЕН ТАРИФЕН ПРИХОД НА ПОЧЕТОКОТ“ - еве го објаснувањето на американскиот министер за финансии Бесент (ВИДЕО)

ПО НАПИСИТЕ ЗА РАСИПНА ХРАНА СЕ ОГЛАСИЈА ОД КАУФЛАНД - најавуваат темелно чистење и надворешни контролори за квалитет

ПО НАПИСИТЕ ЗА РАСИПНА ХРАНА СЕ ОГЛАСИЈА ОД КАУФЛАНД - најавуваат темелно чистење и надворешни контролори за квалитет

ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ЗА ЦАРИНИТЕ НА САД: Ќе формираме „коалиција од земји истомисленици“

ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ЗА ЦАРИНИТЕ НА САД: Ќе формираме „коалиција од земји истомисленици“

ПОСКАПЕЛА ХРАНАТА И ПИЈАЛАЦИТЕ: Се зголемиле цените на угостителските услуги

ПОСКАПЕЛА ХРАНАТА И ПИЈАЛАЦИТЕ: Се зголемиле цените на угостителските услуги

ШВАЈЦАРИЈА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Oва е аларм

ШВАЈЦАРИЈА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Oва е аларм

ПОРАКА ДО МАСК И ТРАМП: Нивните противници се спремни за масовни протести

ПОРАКА ДО МАСК И ТРАМП: Нивните противници се спремни за масовни протести

ОБЈАСНУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Откри колку ќе заработат од царините

ОБЈАСНУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Откри колку ќе заработат од царините

ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат

ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат