26 Април, 2024
0.0254

Што кажуваш после здраво?

Објавено во: Стил 22 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Отсекогаш ме интересирала човечката природа, причинско-последичните врски во една комуникација и како некогаш е доволен само еден збор или миг за да еден однос фати некаков си правец кој може да резултира со убав и содржаен однос или да се распадне. Секогаш велам дека зборот има посебна тежина, а не ретко сум сфатена дека тоа ги отпишува делата. За да немаме забуни, еве да објаснам. Како човек кој си стои на зборот, односно истиот го преточува во дела, подразбирам дека она што се кажува не е напразно изговорено, туку е спремност и волја да стапи на дело. Тежината на зборот го чувствувам секој пат кога пишувам нешто. Напишаното е мојата мисла, став, она што го бранам како идеја или идеал.

Психологијата ми е дамнешна љубов. Дури, едно време имав желба да запишам уште еден факултет-психологија, но да бидам искрена, идејата да поминам уште 4 години во учење и полагање испити на сите обврски кои ги имам, ми беше мазохистичка. А како стареам, некако повеќе ми се бендисува хедонизмот отколку мазохизмот. Низ раце ми поминале многу книги (зборувам за оние поврзани со психологија) и сите ми отвориле по една нова врата или нов светоглед. Научив да препознавам шеми на однесување, кај себе и кај другите. Научив дека саботирањето сам себе е основа за неуспех и немање самодоверба. А како и секој човек, ме мачеле милион прашања поврзани со моите реакции и реакциите на другите. Па низ годиниве сфатив дека знам да бидам крута и непопустлива кога се емоции во прашање, дека мора да научам флексибилност и дека не може баш се’ да е како во учебник.


Целиот текст читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти