18 Мај, 2024
0.0258

Што ќе добие Турција и Ердоган по референдумот?

Објавено во: Балкан 17 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Турската изборна комисија потврди дека на вчерашниот референдум граѓаните гласале за уставни промени кои му даваат пошироки овластувања на претседателот, Реџеп Таип Ердоган. 

Шефот на изборната комисија Сади Гувен изјави дека на референдумот победи опцијата за уставни промени. Претходно тоа го направи и Ердоган. Лидерот на најголемата опозициска Републиканска народна партија, Кемал Киличдароглу изјави дека резултатите се доведени под прашалник по одлуката на Врховниот изборен одбор да ги признае како важечки гласачките ливчиња кои немаат службен печат на избирачкото место. Врз основа на скоро 99% од пребројаните гласови, 51,34% гласале за уставни промени, односно за воведување претседателски систем. Против се 48,66% од гласачите.

Резултатите покажаа дека претседателот  Ердоган ќе има авторитарна моќ во Турција. 

Повеќето од оние кои се согласиле со уставните промени доаѓаат од партијата АКП. Оние кои заговараат промени тврдат дека тие ќе доведат до посилна Турција, во која извршната власт ќе има моќ во поттикнување на економскиот развој и во борбата против тероризмот.

Исто така, луѓето веруваат дека ваквата власт, која се споредува со системите во Франција, Америка или Мексико, ќе биде поспособна да се соочи со закани од тероризам во неизвесни времиња. Исто така, тие велат дека промената е неопходна за да се тргне тој застарен систем за кој велат дека создал „двојна извршна власт“. 

Противниците сметаат дека претседателскиот систем е вовед во режим под целосна контрола на Ердоган, за кој велат дека низ годините станал авторитарен лидер. Тие укажуваат на масовните чистки на дисиденти и противници на режимот како и очигледната чувствителност на претседателот на најмала забелешка на лично ниво или навреда, кои се сметаат за доказ дека тој не толерира било каков вид на критика. 

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?