Што ќе пишува на епитафот на вечниот Хокинг?
Објавено во: Свет 16 Март, 2018
Еден од најголемите умови во науката во последните стотина години, Стивен Хокинг, додека беше жив, многу јасно кажа што би сакал да стои на неговата надгробна плоча.
Во интервју за „Њујорк Тајмс“, во 2002 година тој изјави
дека на неговата надгробна плоча сака и треба да стои формулата за ентропија на црните
дупки.
Оваа равенка која го доби називот „Бекенштајн-Хокингова равенка“ беше долго време проучувана од страна на најпознатиот
теоретски физичар и космолог на 21 век, заедно со неговиот колека Џејкоб
Бекенштајн.
Црните дупки не се така црни како што ги опишуваме. Тие не се вечниот затвор каков што ги замислуваме. Може да се излезе од нив, дури и во друг универзум. Така да знајте, ако се чувствувате заробени, секогаш постои излез.
Така говореше Стивен Хокинг пред луѓето кои патат од
депресија, човекот кој ја изучуваше гравитацијата, и кој успеа да ја победи со
силата на својот ум, претворајќи се во една од најголемите интелектуални фигури
на денешницата, научник познат во целиот свет.
Стивен Хокинг кој почина на 76 години, беше роден во Оксфорд, на 8 јанаури 1942
година. Тој беше прв физичар кој се обиде да ги објасни физичките закони
во универзумот поврзувајќи ја
космологијата со квантната механика и голем поддржувач на теоријата за
мултиверзум.