ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО НАФТАТА: Големиот извозник го напушта клубот на нафташи
Објавено во: Економија 03 Декември, 2018
Катар од јануари 2019 ќе се повлече од ОПЕК.
Ова го кажал катарскиот министер за енергетика Сад ал Каби.
Таа одлука доаѓа во момент кога Катар, најмалиот произведувач од сите членки на ОПЕК, но и светскиот најголем извозник на природен гас во течна состојба ја редефинира својата меѓународна улога и планира долгорочна стратегија, која вклучува фокусирање на сопствената гасна индустрија кажал тој.