15 Декември, 2025
0.0424

Што криеја приватните сефови на Аркан?

Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2014 14:34

Добивај вести на Viber

Во „Комерцијална банка“ - Белград денеска биле отворени приватните сефови на Жељко Ражнатовиќ - Аркан, некогашниот командант на Српската доброволна гарда, објави српскиот весник „Блиц“. Сепак Обвинителството за воени злосторства било изненадено затоа што во сефовите не било пронајдено - ништо! Наредбата за отворање на двата сефа ја донесе судот, по барање на Обвинителството, откако од Хаг во Белград беше вратен материјалот кој бил предмет за обвинението против Ражнатовиќ. Овој материјал сега се проверува и Обвинителството потоа ќе одлучи дали против Аркан ќе покрене постапка пред домашнитесудови. На отворањето на сефовите не присуствувало семејството на Ражнатовиќ. Обвинителите се интересирале дали некогашниот командант на Српската доброволна гарда во сефовите криел докази за своите активности во воените жаришта. Жељко Ражнатовиќ - Аркан беше убиен во Белград пред 14 години, а неговите сефови од тогаш не биле отворени.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството