06 Декември, 2025
0.1238

Што мислите дали озборувањето е добро за луѓето?

Објавено во: Стил 05 Септември, 2014 16:37

Добивај вести на Viber

Ако ви е интересно да дискутирате за животите на луѓето и да шпекулирате за нивните идни постапки, немојте да се чувствувате виновни.

Изгледа дека сме родени да озборуваме- велат научниците. Тие откриле дека човечкиот мозок еволуирал највеќе кај оние што сакаат трачарење и озборување.

Размената на “сочни“ информации за животите на други луѓе е брз начин да откриете кој би можел да ви биде добар пријател, а кој не и помага да се заштитите од непријателите (за секого ќе имате по некоја информација која не би сакал да се дознае).

Дека озборувањето е добро за нас открила група американски научници кои испитувале колкаво значење им придаваме на сликите за другите луѓе кои ги создаваме во нашиот мозок.

Нивните експерименти биле оформени според феноменот наречен двоглед- ривалство. Притоа, пред секое око посебно се презентирала различна слика, при што мозокот ја перцепира прво едната, па другата слика. Времето кое испитаниците го поминувале во размислување за сликата не може да биде свесно контролирано ниту од нивна страна, ниту од страна на испитувачите.

Во првиот експеримент, 66 мажи и жени гледале слики од други луѓе и добивале информации за нив. Некои информации биле најобични и здодевни, како на пример “овој чoвек помина покрај вас на улица“ или “овој човек ја повлече завесата во собата“. Некои информации биле позитивни или негативни како на пример “овој човек и помогна на стара жена да ги пренесе кесите од супермаркетот“ или “овој човек фрли столче на неговиот школски другар“.

Потоа, една од сликите со луѓето била поставена пред едното око, а пред другото била поставена слика од куќа.

Мозокот ја процесирал едната, па другата слика, а било мерено времето кое луѓето го поминувале гледајќи во секоја слика.

Научниците откриле дека очите и мозоците на испитаниците повеќе се задржувале на сликите од луѓето кои биле вклучени во скандалозни дејствија.

Вториот експеримент покажал дека резултатите од првиот експеримент не биле поврзани само со подоброто помнење на информации. Научниците всушност заклучиле дека мозокот природно го привлекува озборувањето.

“Преференцијалната селекција за перцепирање лоши луѓе може да не заштити од лажговци и измамници дозволувајќи ни да ги согледаме пореално според информациите кои ги добиваме за нивното однесување. Озборувањето е виталнна нишна од човечката социјална интеракција“, изјавија научниците од Харвард по спроведеното истражување.

Претходно истражување покажало дека озборувањето е дел од 80% од нашите разговори, а само 5% од целокупното озборување е злонамерно.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: