03 Мај, 2024
0.0255

Што му донесе Дедо Мраз на „Пуцко петрол“?

Објавено во: Економија 04 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Ќе го огрее ли сонце „Пуцко петрол“ со тендерот во „Македонски железници транспорт“ – најдолжното државно претпријатие? Во декември „Пуцко петрол“ фатил тендери вредни над 3,15 милиони евра

„Пуцко Петрол“, компанија што тргува со нафтени деривати, за еден месец фатила тендери вредни над 3,15 милиони евра, покажуваат официјалните податоци за јавни набавки достапни на агрегаторот на вести time.mk

„Пуцко петрол“ во декември е најдобитна компанија за државни тендери со кои државни органи и компании набавуваат нафтени деривати за своите потреби во споредба со своите конкурентни кои настапуваат на тендери: „Макпетрол“, „Лукоил“, „Детоил“, „Супертрејд“, „Црна Река Петрол“ и „Дади компани“.

Пред се благодарејќи на тендерот што го добил од „Македонски железници Транспорт“ кој вреди 2,85 милиони евра „Пуцко петрол“ е најуспешен пред конкуренцијата. Само да потсетиме дека во 2018 година „Пуцко петрол“ го има и најголемиот тендер за набавка на деривати од ЈСП Скопје кој е вреден повеќе од 13 милиони евра. Во декември годинава оваа компанија добила 9 тендери вредни над 10.000 евра. Втор по вредност е тендерот од УЈП кој е околу 107.000 евра, другите се од три училишта, еден суд, државниот архив во Скопје, тетовскиот затвор и скопското градско претпријатие за паркинзи. Упатените велат дека „Македонски железници Транспорт“ и не е најпосакуваниот бизнис партнер заради неговите долгови, ниска ликвидност и заради тоа што досега неколку компании за снабдување со струја имаа лошо искуство со оваа државна фирма.

Најблизок конкурент на „Пуцко“ во декември бил „Макпетрол“ со тендери вредни над 2 милиони евра од кои 10 се со вредности над 10.000 евра, а најголеми се еден со „Македонски пошти“ вреден над 800.000 евра и два со Министерство за одбрана и со скопската градска болница кои надминуваат по половина милион евра. Трети е „Супертрејд“ кој во декември склучил 6 договори кои надминуваат 10.000 евра во вкупна вредност од 0,44 милиони од кои покрупни се договорите со „Македонски пошти“ и со општина Свети Николе, а по него е „Лукоил“ кој склучил еден договор со МВР вреден 0,14 милиони евра.

Сопственик на „Пуцко петрол“ е Исмаил Јахоски од Пласница кој воедно е и градоначалник на истоимената општина, а функцијата на доби со поддршка од ДУИ. На следниот линк е анкетниот лист на градоначалникот на Пласница и сопственик на „Пуцко петрол“ .

И највредната инвестиција на „Пуцко петрол“ се 10,87 отсто од сите акции во право на глас во скопската рафинерија ОКТА. Нивната книговодствена вредност е 8,28 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен