Што му одговори Ципрас на Иванов за ерга омнес?
Објавено во: Балкан 31 Мај, 2018
Грчкиот премиер Алексис Ципрас и грчката Влада реагираа на ставот на македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов дека тој не прифаќа „ерга омнес“ за името, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
„Ставот на Грција е јасен. За решение на проблемот и прием на Македонија во НАТО и ЕУ е потребно сложено име со географска или времена одредница, за севкупна употреба, како и ревизија на Уставот“- го пренесува „Катимерини“ ставот на грчката Влада и премиерот Ципрас, по вчерашното соопштение од Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, дека „македонскиот претседател нема да прифати име за севкупна употреба“.
Инаку, оптимизам има и кај дел од грчките политичари дека спорот може да се реши.