19 Мај, 2024
0.0263

Што најави ,,Епл” на вториот голем настан оваа есен?

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

,,Епл” го одржа својот втор голем настан оваа есен во еден од најпопуларните места во Њујорк, Бруклинската Музичка Академија, објави Бизнис инсајдер.  Првиот есенски настан беше одржан во септември на кој беа презентирани нов ,,Епл” часовник и три нови ајфон модели. На настанот во вторникот ,,Епл” најави нови ајпади, Мак-компјутери и додатоци кои одат заедно со овие уреди. Како на сите свои специјални настани на кои ги објавуваат новите производи и уреди, таа и на овој, на сцената се појави директорот Тим Кук кој вели дека досега ,,Епл” има продадено над 100 милиони Мак-компјутери. ,,Ние сме исклучително горди на ова”, рече Кук. Тој најави дека најновиот компјутер од нивната серија има 13,3 инчен Ретина екран со 4 милиони пиксели и алуминиумската рамка на компјутерот е заменета со специјален материјал. Новиот ,,Мак-бук Ер” доаѓа со идентификатор на допир, компјутерот се отклучува со допир, а истиот доаѓа со специјална заштита на вашите отисоци од прсти и лични податоци.

Новиот ,,Мак-бук Ер” е направен од 100%алуминиум, што го прави најеколошкиот ,,Мак-компјутер” досега направен. Новиот ,,Мак-бук Ер” ќе биде на продажба од 7ми ноември, со почетна цена од 1.199 долари, што е за 200 долари поскапо од неговиот претходник.

фото Бизнис инсајдер

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа