18 Мај, 2024
0.0267

Што напишал на Твитер напаѓачот од Лувр?

Објавено во: Свет 04 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Мажот кој вчера со мачета ги нападна војниците кај музејот Лувр во Париз, објавил пораки на Твитер во кои се споменуваат џихадистичката група „Исламска држава“ и „браќата во Сирија и борците во целиот свет“, соопштија денеска извори блиски на истрагата.

Како што навел извор близок на истрагата, тие пораки се објавено „на профилот на Твитер кој можеби му припаѓал на напаѓачот“. Уште трае вештачењето на мобилниот телефон iPhone 7 и iPad-от на напаѓачот чиј идентитет уште не е официјално потврден. 

На профилот на Твитер на име Абдулах ал-Хамими, во петокот неколку минути пред нападот, објавени се неколку пораки на арапски јазик. Првата била во 9.31 часот по локално и средноевропско време: „Во името на Бога (…) за нашите браќа во Сирија и борците во целиот свет“. Една минута подоцна објавен е следен „твит“ во кој се споменува џихадистичката група „Исламска држава“.

Сопственикот на овој профил меѓу 9,27 и 9,34 часот испратил најмалку десет пораки, а нападот во Лувр е извршен во 9,50 часот. Напаѓачот во пораките споменува и патување од Дубаи во Париз на 26-ти јануари, што одговара на термиот на патувањето на осомничениот,

Во петокот ноќта радиото France Info јави дека мажот кој ја нападна воената патрола во комплексот на Лувр, е доселеник од Египет, кој во Франција допатувал на крајот од јануари годинава. Според информациите на телевизискиот канал LCI, станува збор за 29-годишниот маж по име Абдула. Неговото име било дознаено од мобилниот телефон, пронајден кај напаѓачот.

Се прави ДНК анализа и експертиза на отпечатоците на палците за точно да биде утврден неговиот идентитет. Француските  правосудни органи стапиле во контакт со своите колеги од Египет, за проверување дали египетските безбедносни служби имале сознание за него.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков