03 Мај, 2024
0.0268

Што ново ќе донесат двете стратегии на Народна банка?

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии, согласно со препораките во евроинтегративниот процес, интензивно продолжуваат со заедничките напори за натамошно зајакнување на финансиска стабилност во земјава. Со таква цел беа подготвени и Стратегијата за денаризација и Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните пласмани, коишто беа предмет на меѓуинституционално разгледување. Овие стратегии вклучуваат повеќе мерки, за чиешто спроведување е предвидено вклучување и на други надлежни институции.

Со Стратегијата за денаризација на Република Македонија се потврдуваат заложбите за натамошно јакнење на довербата и ширењето на употребата на домашната валута, што ќе придонесе за натамошно намалување на евроизацијата како значаен фактор за одржување стабилна економија и здрав банкарски сектор. Воедно, натамошното јакнење на довербата во домашната валута е во функција на поддршка на монетарната стратегија на таргетирање на девизниот курс на денарот. И покрај големиот напредок во намалувањето на евроизацијата (учеството на девизните депозити и депозитите со валутна клаузула во вкупните депозити од околу 59% на почетокот на глобалната криза е намалено на околу 40%), постои потреба од натамошно преземање активности во оваа сфера. Стратегијата нагласува дека прв и основен столб за соборување на евроизацијата е одржувањето на макроекономската стабилност, што успешно се остварува години наназад. Втор столб се посебните таргетирани мерки во различни области од страна на носителите на политиките.

Покрај редовните анализи за соодветно приспособување во доменот на оперативното водење на монетарната и фискалната политика, се предвидуваат и повеќе мерки за развој на домашните финансиски пазари и вложувањата во хартии од вредност во домашна валута. Макропрудентните мерки во однос на банкарското работење, исто така ќе бидат редовно преиспитувани во контекст на намалување на евроизацијата. Регулаторните институции од областа на финансискиот систем ќе продолжат со постојана финансиска едукација, заради подигнување на општата свест за финансиските услуги и развој на финансиските вештини кај населението, коишто ќе ја зголемат свесноста за финансиските ризици.

Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните пласмани (лоши кредити) има за цел да придонесе кон подобрување на условите и зголемување на ефикасноста во наплатата на овие кредити, како и кон создавање услови за унапредување на деловните практики при прометот со побарувањата. За одржување здрав банкарски систем, но и за овозможување одржлив кредитен раст, од клучно значење е да се продолжи со поттикнување на активности за натамошно намалување на обемот на нефункционалните кредити кај банките, иако веќе се сведени на релативно ниско ниво (тековно изнесуваат околу 5% и се меѓу најниските во регионот), вклучително и системски активности, кои би придонесле за подобрување на вкупниот амбиент за управување со нефункционалните кредити.

Исто како и за соборувањето на евроизацијата, така и за намалување на нефункционалните кредити, основен предуслов е макроекономската стабилност и водењето здрави политики коишто се основа за стабилен и предвидлив амбиент за работење на банките и на другите економски субјекти. Покрај макроекономските предуслови, особено важна улога имаат и остварувањата на корпоративниот сектор, квалитетот на управувањето со компаниите, но и начинот на кој банките ја оценуваат кредитната способност на своите клиенти. Исто така, регулаторната рамка, функционалноста на правниот систем, јасната даночна регулатива и степенот на развиеноста и функционалноста на пазарните сегменти претставуваат сфери коишто можат да придонесат кон подобрено управување со нефункционалните кредити.

Во оваа насока, покрај зајакнување на супервизорскиот надзор на управувањето со нефункционалните кредити на банките, НБРМ ќе работи на натамошно подобрување во доменот на поставеноста и функционирањето на кредитниот регистар. Преку вклучување и на други надлежни институции, меѓудругото, ќе се преземат активности за подобрување на финансиското известување и корпоративното управување на компаниите, ќе се спроведе анализа на одредбите од законска регулатива во доменот на извршување, нотаријатот, стечајот и од областа на процената на имотот и нивното значење за управувањето со нефункционалните пласмани. Предвидени се и активности за развој на пазарот за нефункционални побарувања, како специфичен пазарен сегмент.

Се очекува активностите на НБРМ, Министерството за финансии и на осумте државниинституции вклучени во процесот на спроведување на двете стратегии да придонесат за натамошно јакнење на стабилноста на финансискиот систем.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување