27 Април, 2024
0.0261

ШТО ПОВЕЌЕ ДОЛЖАТ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ СЕ РАНЛИВИ: Колку се заглавени компаниите?

Објавено во: Економија 15 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Им должат на банките, но имаат долгови и кон странство. Најголем дел или речиси половина од долгот на домашните компании сепак се позајмувања од банките, а третина од долговите потекнуваат од странство. По оваа основа, македонските фирми најмногу им должат на компаниите мајки, но има долгови кои се и за таканаречени трговски кредити. Моментно, само на банките фирмите им должат 2,5 милијарди евра, а вкупниот долг на небанкарскиот приватен сектор кон надвор пак е околу 1,5 милијарди евра што е четири милијарди евра вкупно. Економските аналитичари велат дека домашните компании се во тој круг веќе подолг период и ако не подигнат кредит од банка тешко се финансираат на друг начин. Се согласуваат дека што поголема е задолженоста, толку е поголема ранливоста, ако на пример се влоши економската ситуација, но велат и дека е добро да има банкарски пари за фирмите, оти така ќе поддржуваат нови проекти.

НАЈМНОГУ КОН БАНКИТЕ

Нема целосен и збирен податок за тоа колкава е вклупната задолженост на домашниот приватен сектор. Народната банка ги мери банкарските задолжувања, а собира податоци и за долговите кон надвор. Последните податоци за долговите кон банките се за месец декември и според нив сите домашни фирми во македонските банки имаат за враќање околу 2,5 милијарди евра. Таа сума е во постојан раст во последниот период. Сепак и аналитичарите се согласуваат дека има простор за зголемување на задолжувањето особено што банкарските заеми се еден од најважните извори на финансирање на новите проекти на домашните фирми. Проблемот настанува во услови на влошување на кондицијата за враќање на ратите, за време на политички или економски кризи, какви што во континуитет има и во земјава.

„Главен извор на финансирање на фирмите се банките. Од една страна фирмите се жалат дека немаат друг пристап до финансии, од друга не се охрабруваат да дозволат промена во акционерската структура со влез на нов капитал на пример и впечаток е долго дека тие најлесно се фокусираат само на банките. Банките пак, поради тоа недоволно си конкурираат и ги зголемуваат кламатите што е лошо за фирмите. Ние во континуитет имаме скапи банкарски кредити, вели Слободан Најдовски, економски аналитичар.

ЗНАЧАЕН РАСТ НА ЗАДОЛЖУВАЊАТА

Според податоци од Народната банка пак кои се заклучно со третиот квартал лани, вкупниот приватен надворешен долг на сите фирми изнесува над 3,9 милијарди евра. Сепак во оваа сума се влезени и обврските меѓу меѓусебно поврзаните субјекти односно странските инвестиции. Ако се изземат тие и долгот на банките (од кои повеќето се со странски акционери), домашните компании заклучно со тој период должеле 1,5 милијарди евра.

Во оваа сума се и таканаречените трговски кредити на кои отпаѓаат над 780 милиони евра. Од Народната банка во посебно истражување за задолженоста на македонскиот корпоративен сектор тврдат дека во последните десет години долгот во континуитет се зголемува, без да постојат знаци на раздолжување. Нотирајќи дека секоја задолженост може да е причина за ранливост констатираат дека за десет години долгот се зголемил за над 23 проценти.

„Кредитите од домашниот банкарски систем претставуваат значаен извор на должничко финансирање на претпријатијата. Во рамки на долгот кон нерезиденти доминира меѓукомпанискиот долг како и трговските кредити и финансиските заеми. Во структурата на вкупниот долг се воочува отсуство на обврски врз основа на издадени должнички хартии од вредност, што потврдува дека пазарното финансирање не е својствено за домашните претпијатија, велат од НБМ.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба