27 Април, 2024
0.0353

ШТО САКА ДА ПОРАЧА ДУИ - не жалат што соработувале со СДСМ и се надеваат дека ќе продолжат

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Демократската Унија за Интеграција изрази жалење за коментарите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој денеска упати остри критики за дел од кадарот на ДУИ. Од партијата на Али Ахмети, сепак, посочуваат дека не се каат за соработката со оваа партија, и се надеваат дека ќе ја продолжат и по изборите в среда.

„Демократската Унија за Интеграција не се кае за коалицијата со СДСМ во 2016 година, на локалните избори 2017 година, за референдумот во 2018 година и на Претседателските Избори 2019 година. Напротив, сметаме дека нашата соработка и го промени името на земјата, го промени Уставот, го заокружи договорот со Грција и Бујарија како и нормативниот дел од Охридскиот мировен Договор заедно со реформите во безбедносниот систем, администрацијата и судството, затоа и не се каеме што ја започнавме коалицијата во 2016 година со поразената партија во многу специфични околности.

Нашата соработка за време на локалните избори донесе убедлива победа за СДСМ во Скопје, Куманово, Велес, Битола, Охрид и во многу други општини и ние не се каеме што му помогневме на Социјал Демократкиот Сојуз.

Исто така не се каеме затоа што имавме заедничка кампања за Референдумот за промена на името, а ниту за тоа што не дозволивме одржување на предвремени парламентарни избори по референдумот, но инсистиравме на пронаоѓање на минимум 8 пратеници за промена на Уставот, и тоа го направивме.

Исто така, последните Претседателски избори беа победа за нашиот концепт за консензуалност затоа што се покажа дека партиски кандидат за Претседател не победува, но кога е консензуален тој или таа победува.

Демократската Унија за Интеграција посакува успех за Социјал Демократскиот Сојуз на овие избори и се надеваме дека нашата успешна соработка ќе ја пролжиме и после изборите на 15 јули“, велат од ДУИ преку соопштение.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“