06 Октомври, 2024
0.1103

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ЗАТВОРЕНИТЕ ВРАТИ: постои ли трговија со новороденчиња, „Меѓаши“ обвинуваат

Објавено во: Македонија 04 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Во сторијата на ТВ 24 се отвораат многу сензитивни прашања за ситуацијата во Македонија, што се случува зад затворените врати со судбините на некои новоренчиња и штитеници на домовите.

Пандорината кутија е отворена – вистината мора да биде обелоденета, вака детската амбасада Меѓаши ги оценува обидите на надлежните да ги истражат состојбите со посвојувањето, но и да истражат каде завршуваат децата родени од штитеничките на клиниката за гинекологија.

Постапувањето на службите на МТСП со децата штитеници во домовите и начинот на кои тие се посвојуваат  под лупа на неколку институции.

-Откако почна оваа истрага со конкретниот пример за барање на поткуп, кој беше долги години јавна тајна, но никој не се осудуваше да зборува, од сите страни пристигнуваат разни информации, Пандорината кутија наполнета со многу негативности кои имаат далекусезжни последици – изјави Татјана Гоговска – лице за односи со јавноста во Првата детска амбасада во светот Меѓаши, за ТВ 24.

Откако Јавното обвинителство по допрен глас отвори постапка за мито и корупција во службите и комисиите на министерството, а поврзани со процесот за посвојување, и Народниот Правобранител отвори истрага зад која, како што вели Мемети, стојат сомненија дека е вмешана и клиниката за гинекологија. На оваа клиника абортираат и се пораѓаат малолетните штитенички од домовите, а омбудсманот истражува каде одат тие деца.

-И ние добиваме морничави информации во однос на таквите состојби и по однос на состојбите на клиниката за гинекологија. Имаме информации дека деца од таквите центри абортираат и се пораѓаа во клиниката – изјави Иџет Мемети – Народен правобранител.

Сомнежите кои Мемети ги изнесе во јавноста за поврзаноста помеѓу министерството за труд и клиниката за гинекологија, според Меѓаши, би значело дека досега се манипулирало со бројката на смртност на новороденчиња.

-Се манипулираше со бројката дека смртноста на доенчињата се зголемува и сите се чудеа и од гинекологија велеа дека имаат современи апарати. Дали таа смртност е реална, дали се работи за крадење на деца кои натаму се продаваат, кој е тој синџир. Имаме институција која е инволвирана – изјави Гоговска.

Детската амбасада и Народниот правобранител сметаат дека се работи за организирана структура која со години работи. Омбудсманот ја истражувал клиниката за гинекологија уште во 2013 година, но таа истрага завршила без исход. Сега Мемети повторно го истражува државното породилиште. Во меѓувреме, Обвинителството истражува дали службениците во министерството бараат пари за децата кои ги даваат на посвојување.



Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил