07 Декември, 2025
0.0907

Што се случува кога ќе изедете лук на празен желудник?!

Објавено во: Стил 13 Декември, 2014 20:54

Добивај вести на Viber

Веќе со години наназад, освен во кујна, лукот се користи и во медицински цели. Најчесто оваа спасоносна намирница се користи за проблеми поврзани со варењето, недостаток на енергија, проблеми со дишење и проблеми со паразити во телото. Освен народната препорака, денеска и лекарите преорачуваат конзумирање на лук на дневна база.

Со лукот лекарите се борат против висок крвен притисок, срцеви болести, рак на дебелото црево, простата, белите дробови, желудник, на градите, и симптоми како што се дијареја, гихт, кашлица, хемороиди ... Листата е подолга. Се верува дека лекот е најдобро да се конзумира на праџен желудник. На тој начин им дозволувате на својствата на лукот да ги „дочекаат“ сите токсини кои ќе ги внесете со храната и ќе ги уништат. Лукот е многу силен антиоксиданс и антибиотик, природен, а со тоа и најдобар филтер за вашиот желудник.

Лукот, тврдат студиите, е најуспешен кај лекувањето на варење и смирување на желудникот кај претеран стрес.

Ви претставуваме рецепти со лук кои најдобро одговараат на лечење на поедини тешкотии.

1. Бронхитис: Измешајте 40 грама исечкан лук со 100 милилитри 90-постотен алкохол. Ставете во сад, стаклен, затворете и оставете да отстои пет до шест дена и процедете го. Пијте лажица дневно и тешкотиите ќе се изгубат.

2. Астма: Додајте 15, до 30 капки екстракт од лук во чаша топла вода и пијте секојдневно.

3. Хемороиди или проблем со столицата: Ставете провриена вода, додајте во неа неколку чешниња лук, нека зоврие, па нека се излади  и испијте.

Иако лукот е изклучително здрав, напоменуваме дека не е чудотворна намирница која лечи се. Кај сериозни заболувања посетете лекар.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: