Добивај вести на Viber
И покрај најавите за воведување електронска наплата во автобусите на ЈСП, работите се одложуваат на неодреден период. Проблемот, како што објави Дневник, е во тоа што е обжален изборот на турската фирма „ Kенткард“ која требаше да го инсталира системот за електронска наплата во автобусите на ЈСП од чешката фирма „Микроелектроника“, која била второрангирана.
Според директорот на ЈСП, Мишо Николов, откако била уважена жалбата, комисијата ја вратила постапката на повторно разгледување за сите четири фирми што учествувале на електронското јавно наддавање.
На електронското јавно наддавање кое се одржа на почетокот на јули, освен турската „Kенткард“ и „Микроелектроника“ од Чешка, учествуваа и „Т-мобиле“, кој беше треторангиран и норвешкиот конзорциум „Бро-ог тунел-селскапет“. Од ЈСП не обелоденија кој, колку понудил пред да се направи конечниот избор.
Инаку ова е четврти конкурс на ЈСП за да ја модернизира наплатата во своите автобуси со електронски картички. За имплементирање на системот ќе се вложат три милиони евра.