01 Мај, 2024
0.0357

Што утврди инспекторатот за Бадникарските детски поворки?

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

По контролите кои ги изврши Државниот просветен инспекторат утврдено е дека  немало организирано верско делување во основните училишта за бадникарските поворки во кои учествуваа голем број на деца како дел од една понова манифестација иницирана од МПЦ и невладини здруженија на граѓани. 

Инспекциите беа побарани од страна на Министерството за образование и наука со цел да се утврди дали се нарушени начелата на секуларизам при организација на децата за учење на бадникарските песнички, изработка на иконографија за празникот и други активноста под државна капа.

Записниците од увидот се разгледани и констатирано е дека училиштата не учествувале во организација на верската манифестација – потврдија од инспекторатот.

Градоначалниците кои беа посетени од дечињата за Бадник ги бранеа своите постапки со ставот дека тие не учествувале во организацијата, туку само ги информирале родителите.

Улогата на училиштата и локалните власти во бадниковите поворки ја истражува и Народниот правобранител. Од Меѓаши велат дека ќе излезат со реакција по затворањето на истрагата која ја води омбудсманот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија