20 Март, 2023
0.0236

Што вели Вучиќ за потерницата за Путин?

Објавено во: Балкан 18 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Многу работи се комплицирани, смета српскиот претседател Александар Вучиќ за потерницата која Хашкиот суд вчера ја распиша за рускиот претседател Владимир Путин за извршени воени злосторства во Украина. 

„Светот си оди, само ние да не одиме со него. Сега гледам дека многу работи се комплицираат, треба да избегнеме многу од тоа“, рече Вучиќ.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг вчера информираше дека издал налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, под обвинение за воени злосторства поради неговата можна вмешаност во киднапирањето деца од Украина.

Адвокатот Тома Фила вели дека Путин може да заврши како екс српскиот претседател Слободан Милошевиќ. 


Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде и налог за апсење на неговата комесарка за правата на децата, Марија Алексеевна Лвова-Белова, под истите обвиненија за нелегална депортација на украински деца.

Лвова-Белова, која во руските медиуми ја нарекуваат „Мајка Русија“ на таа позиција беше назначена од Путин во 2021 година. Таа неодамна се појави на насловните страници, кога сподели информации на нејзиниот канал на Телеграм дека помага да се поврзат украинските деца со руските родители кои се надеваат дека ќе ги посвојат.

Во пролетта 2022 година, Лавов-Белова посвои украински тинејџер од Мариупол. „Кога ги донесовме во Русија да се опорават малку, почна приказната дека зборувале негативно за Путин, кажувале секакви грди работи, ја пееле украинската химна и сето тоа. Така што, постои таква негативност , можеби на почетокот, но потоа се претвора во љубов кон Русија“, изјави Лвова-Белова, пренесува BBC.

Си-Ен-Ен во февруари објави дека Лвова-Белова постојано ги посетувала териториите окупирани од Русија во Украина и се погрижила украинските деца да бидат депортирани во Русија, каде потоа руски семејства ги посвојувале. 

Србија е една од ретките земји која не воведе санкции за Русија. 

Можеби ќе ве интересира

Курти: За членството во Советот на Европа, Косово веќе го има потребниот број гласови

Курти: За членството во Советот на Европа, Косово веќе го има потребниот број гласови

Кој е херојот кој го спаси детето во Црна Гора?

Кој е херојот кој го спаси детето во Црна Гора?

СЕ СТРЕСЕ РОМАНИЈА: Земјотресот го почувствуваа и во Србија

СЕ СТРЕСЕ РОМАНИЈА: Земјотресот го почувствуваа и во Србија

Туристи од Ќустендил откажале патување во Македонија стравувајќи од каменување на автобусите

Туристи од Ќустендил откажале патување во Македонија стравувајќи од каменување на автобусите

ТРАГЕДИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Баба со внукот скокнала во реката Морача

ТРАГЕДИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Баба со внукот скокнала во реката Морача

ЗОШТО ИСЧЕЗНАА ТРОЈЦА МАЖИ ВО ДУНАВ? Еве што тргнало наопаку!

ЗОШТО ИСЧЕЗНАА ТРОЈЦА МАЖИ ВО ДУНАВ? Еве што тргнало наопаку!

ЕКСПЕРТИ ЗА СОСТАНОКОТ ВО ОХРИД: Еу покажа дека нема легитимитет!

ЕКСПЕРТИ ЗА СОСТАНОКОТ ВО ОХРИД: Еу покажа дека нема легитимитет!

ТРАГЕДИЈА КАЈ ВРАЊЕ: Во сообраќајна несреќа загина 25 годишен Македонец, има и повредени

ТРАГЕДИЈА КАЈ ВРАЊЕ: Во сообраќајна несреќа загина 25 годишен Македонец, има и повредени

ЃУКАНОВИЌ И МИЛАТОВИЌ ОДАТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Обработени 95 осто од гласовите за избор на претседател на Црна Гора

ЃУКАНОВИЌ И МИЛАТОВИЌ ОДАТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Обработени 95 осто од гласовите за избор на претседател на Црна Гора