23 Април, 2024
0.0273

ШТО ЗНАЕ ВУЧИЌ ЗА РУСКО-УКРАИНСКАТА ВОЈНА? Еве детали

Објавено во: Балкан 26 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека она што се случува во глобалната политика, а пред се во Европа, ќе ја промени динамиката на односот на Србија со ЕУ и дека се одвива паралелен процес под влијание на САД, во кој се создава посебен блок во Европа, кој може да стане најсилен, јави дописиникот на МИА од Белград.

-Тоа треба да се случи веќе во јуни, бидејќи Украина нема лесно да победи во воена смисла и очекувам да добие голема динамика на европскиот пат. Следува итно запонување на европски преговори со можност за брз влез во ЕУ затоа што Американците прават посебен блок во Европа кој не е мал. Полска, балтичките земји плус Украина, тие пет земји. Ќе имате земји кои се поголеми од Франција и се приближуваат кон Германија. Тогаш е јасно дека тој квинтет или секстет со Романија станува најсилен во Европа после Германија. Ние сакаме да се позиционираме како централноевропска земја, затоа имаме поблиски односи со Унгарија. Тоа ќе ја промени динамиката на нашиот однос со Европа. Сакам да верувам дека тоа ќе биде во позитивна смисла, но за нас има ограничувачки фактори во однос на санкциите против Русија и Косово, рече Вучиќ на ТВ Пинк.

Како што рече, Америка ќе биде доминантна, ќе следи договор со Европа, но со барање во иднина да спроведат мерки кон Кина, какви што спроведуваат САД.

- Интересно е што се случи на седницата на Советот на Европа, важна промена кон Кина, до сега таа беше наш економски партнер, наш конкурент и стратешки ривал. За првпат Урсула фон дер Лајен рече - стратешки ривал. Америка ќе биде доминантна во Европа. Кина ја гледа како стратешки противник. Затоа ќе биде интересна посетата на Фон дер Лајен и Макрон на Кина, рече Вучиќ.

Вучиќ се осврна на односите со Унгарија, потсетувајќи на изјавата на Виктор Орбан дека, историски гледано, тие се на највисоко ниво. Како што рече, со Орбан има старатешки дијалог и очекува средба меѓу двете влади во мај, која ќе доведе до формирање на ново тело, односно стратешки совет.

На прашањето што мисли за потерницата издадена од Меѓународниот кривичен суд (МКС) против рускиот претседател Владимир Путин, Вучиќ одговори дека ја смета за политички многу лоша одлука која ќе чини многу во животот на Русите и Украинците, но и со големо влијание врз економијата на цела Европа.

-Ќе треба да седнете со Путин за да разговарате, а како можете да разговарате со него и да му го оставите ова? Како воопшто мислите да направите некаков договор, а ова да остане како Дамаклов меч над главата. Зошто го ограничивте?,праша Вучиќ.

Тој посочи дека МКС презел обврска која не знае како ќе ја спроведе.

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа