Добивај вести на Viber
Потагувај, но потоа продолжи со животот.
Со слушањето на веста дека си отпуштен од работа, доживуваш безброј емоции, се разбира негативни. Но, вие и не ја сакавте толку таа работа, позитивниот контекст од настанот, соберете си ги работите и продолжете натаму во потрага по нова работа.
Земето го вашето CV
Се надеваме дека се уште го чувате вашето CV, ако не, направете ново или надоградете го старото. Направете една листа со сите ваши остварувања и достигнувања на последното работно место. Вашето резиме ке биде еден вид маркетинг брошура за новите работодавци.
Направете сите да знаат дека сте во потрага по работа
Повеќето луѓе се срамат да ја споделат веста за отпуштањето, со што информацијата ја чуваат во тајна долго време. Тоа е тактички погрешно, бидејќи никогаш не можеш да знаеш кој се би можел да ти помогне во животот. Ставете им на знаење на вашите пријатели и роднини, дека во моментот сте слободен агент во потрага по нов тим, и размислете каде би можеле да се обратите за помош.
Прошири ја својата мрежа
Нјапрво проверете со кои луѓе се знаете.
Исто така добро би било да се запознаете и со многу нови луѓе. Продлабочете ги контактите на пример со луѓето од вашата теретана. Со останатите од вашиот фудбалски тим. Истражувањата покажуваат дека 80% од вработувањата се склучуваат преку вмрежување и контакти.
Барајте работа со полно работно време
Ова значи 8 часа на ден работа со полна пареа. Земете го телефонот и направете ги вашите повици на почетокот од денот, на утро, кога имате најмногу енергија. Наместо да се базирате премногу на Интернет сајтовите кои нудат работа, посветете се повеќе на реални контакти, јавете се на вашите потенцијални работодавци, интересирајте се, бидете активни во сите настани на вмрежување за кои ке слушнете. Посветете часови од денот читајќи за професијата во која се обидувате да добиете работа, надградувајте се, вашиот труд ќе се исплати било кога.